Македонско – словенечки театарски врски

(од 1990 до денес)

Билатералниот проект Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес) се развиваше во две години (2017-2018) и беше изработен од страна на Факултетот за драмски уметности, Скопје и Академијата за театар, радио, филм и телевизија, Љубљана. Проектот беше поддржан од страна на Словенечката агенција за истражување и македонското Министерство за образование и наука. Главната цел на проектот беше одредување, запишување и проценување на заедничката соработка меѓу театарските уметници од двете земји. Истражувањето ги обедини сите полиња на изведбените уметности (драма, опера и балет/танц-театар), вкучувајќи посети од страна на индивидуалци и ансамбли.