Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Факултетот за драмски уметности - Скопје, е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во кој се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации. Универзитетските студии по Драмско актерство, Драматургија, Театарска режија, Продукција, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање и Филмска и ТВ монтажа, траат осум семестри или четири години, според ЕКТС.

На факултетот се изведуваат и постдипломски студии по Актерска игра, Драматургија, Продукција, Театарска режија, Театрологија, Филмско и електронско снимање, Филмска и тв режија, Филмско и тв сценарио и Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање.

Факултетот го чинат наставниците, сите истакнати актери, режисери, сценаристи, сниматели, монтажери, теоретичари, студентите и соработниците. Во сложениот наставен и работен процес на седумте студиски програми како и на постдипломските студии, вклучени се 130 студенти и околу педесет наставници и надворешни соработници.

Факултетот за драмски уметности, како членка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, работи според Законот за високо образование на Република Македонија, според Статутот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Статутот и другите правилници на самиот Факултет, со сета почит кон дигнитетот на универзитетската и академската традиција.


ВЕСТИ

Македонски играни филмови на ФДУ

Почитувани кандидати за запишување на Факултетот за драмски уметности,
Со цел да се запознаете со дел од македонската филмска продукција, Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе организира проекции на македонски играни филмови од 30 мај до 30 јуни 2012 година (понеделник-петок), од 10-12 h и од 12-14 h.

Конкурс за прв циклус студии 2012/13

Почитувани,
Ве известуваме дека на 25 април (среда) во весникот Дневник беше објавен Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2012/2013 година.


Конкурсот е достапен во електронска форма на интернет-страницата www.ukim.edu.mk

Отворени денови на ФДУ

Пред претстојните уписи на нови студенти, Факултетот за драмски уметности во Скопје организира ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ФДУ на 27 април 2012 год. со почеток во 10 часот. Повелете, посетете нè.

Конкурс за прв циклус студии 2012/13

Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:

  • Филмско и ТВ снимање
  • Филмска и ТВ монтажа
  • Филмска и ТВ режија
ФДУ на Денови на образование и кариера 2012

Во рамките на 15от Меѓународен саем за образование и кариера - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2012, Факултетот за драмски уметности ќе одржи презентација на 28.04.2012, сабота, со почеток во 10 часот.

Одбележување на Светскиот ден на театарот

Одбележувањето на Светскиот ден на театарот започна со читањето на меѓународната и национална порака, која ја пренесе великанот на македонското глумиште, Мето Јовановски.

Во продолжение следуваше трибината по повод 60-годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери, некогашни професори на ФДУ и големи театарски дејци: Тодорка Кондова-Зафировска и Димитрие Османли.

Конкурс - Еразмус стипендии

Во рамки на програмата Еразмус ЛЛЛ која е дел од програмта за Доживотно учење на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ. Повеќе информации на следниот линк.

Курс по актерска игра

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира SANFORD MEISNER APPROACH ДВОМЕСЕЧЕН КУРС ПО АКТЕРСТВО по пристапот на Санфорд Мајснер - САД. Повеќе информации на следниот линк.


Превземите ја веста како pdf документ.

Курс за јавно говорење

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.