Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Факултетот за драмски уметности - Скопје, е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во кој се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации. Универзитетските студии по Драмско актерство, Драматургија, Театарска режија, Продукција, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање и Филмска и ТВ монтажа, траат осум семестри или четири години, според ЕКТС.

На факултетот се изведуваат и постдипломски студии по Актерска игра, Драматургија, Продукција, Театарска режија, Театрологија, Филмско и електронско снимање, Филмска и тв режија, Филмско и тв сценарио и Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање.

Факултетот го чинат наставниците, сите истакнати актери, режисери, сценаристи, сниматели, монтажери, теоретичари, студентите и соработниците. Во сложениот наставен и работен процес на седумте студиски програми како и на постдипломските студии, вклучени се 130 студенти и околу педесет наставници и надворешни соработници.

Факултетот за драмски уметности, како членка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, работи според Законот за високо образование на Република Македонија, според Статутот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Статутот и другите правилници на самиот Факултет, со сета почит кон дигнитетот на универзитетската и академската традиција.

Од 23.05.2013 година во рамките на Факултетот за драмски уметности функционира АЛУМНИ КЛУБ. Алумни клубот на ФДУ е основан под покровителство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, со поддршка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј".


ВЕСТИ

Конкурс за прв циклус студии 2017/18 - трет уписен рок

Непополнети места за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година во трет уписен рок.

Информации од јавен каратктер

Службено лице за посредување за информации од јавен каратктер: РОЗА ИВАНОВСКА (roza.ivanovska@yahoo.com)

Финални информативни средби со новите кандидати

На 15.08.2017 (вторник) и 16.08.2017 (среда) со почеток во 17ч. ќе се одржат финалните информативни средби со заинтересираните кандидати за запишување на отсекот Драмски актери со познавање на македонски јазик, во учебната 2017/2018.
Средбите ќе ги водат проф. д-р. Сузана Киранџиска и доц. м-р. Кристина Леловац и на истите кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу последните подготовки за примениот испит.

Конкурс ERASMUS + 2017/18

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Ars Academica

Излезе од печат четвртиот број на списанието Ars Academica.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Конкурс за прв циклус студии 2017/18

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година.


PDFКонкурс за запишување студенти на I циклус студии на ФДУ во 2017/18 г.
PDFУплатница за пријавување на студенти на прв циклус студии
Дипломски филм - најдобар филм на Балканот

Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска, дипломиран студент на катедрата за филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески е добитник на наградата Best BALKAN Film во официјалната конкуренција на Интернационалниот фестивал за документарен филм во Тирана.

Филмот е дипломски филм во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото и режијата се на Тамара Котевска, монтажата е на Сандра Ѓоргиева и Андреј Ристески, извршен продуцент е Ирина Лазарова, сите студенти на Факултетот за драмски уметности.

Тамара Котевска го има снимано филмот како студент, во текот на „Work&travel“ програмата во Масачусец, САД, во кој протагонисти се уште и Марија Гелмановска и Ирина Цонеска.

Филмот „STUDaNTS“ го компарира животот на студентите кои преку Work & Travel програмата одат во САД и мравките кои мигрираат во поголемо гнездо, а оваа компарација е доловена преку автентична нарација превземена од 10-на документарци за мравки и преиграна со гласот на Мартин Манев.

Информативна средба со новите кандидати

Следната информативна средба со заинтересираните кандидати за запишување на катедрата за Драмски актери, во учебната 2017/2018 ќе се одржи на 07.06. (среда) во 17ч.
Средбата ќе ја води проф. д-р. Сузана Киранџиска и на истата кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу подготовките за примениот испит.