FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje


Соопштенија

Меѓународна научна конференција
02.04.2024

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје и Факултетот за драмски уметности – Скопје организираат

Меѓународна научна конференција
МИТ И ДРАМА:
современи толкувања

Конференцијата ќе се одржи на 29 – 30 ноември 2024 година во Скопје, во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје.

PDFМеѓународна научна конференција МИТ И ДРАМА: современи толкувања
PDFInternational Conference on MYTH AND DRAMA: Contemporary Interpretations
PDFColloque international MYTHE ET DRAME: Interprétations contemporaines

СООПШТЕНИЕ
07.03.2024
На 14.03.2024 година ( четврток ) со почеток во 11.00 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кандидатот м-р Ајмоне Салиху, ќе го брани докторскиот труд со наслов „Литературата во филмот, согласно верзиите на „Ана Каренина“ (1935, 1948, 1967, 1997, 2012)“.
СООПШТЕНИЕ
30.01.2024
На ден 08.02.2024 година (четврток) со почеток во 12:00 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кандидатот м-р Ментор Зумберај, ќе го брани докторскиот труд со наслов „Од монодрамата ... до филмското сценарио (Непозната Долина)“.
Втор уписен рок на трет циклус студии 2023/24
05.12.2023

Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2023/24 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниот линк.

Вториот уписен рок за пријавување на кандидатите е од 11.12 до 22.12.2023.

PDFСлободни места за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, втор уписен рок.

PDFЛиста на слободни ментори и број на слободни места за запишување студенти на трет циклус студии-докторски студии - во вториот уписен рок, за 2023/2024 година на УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје

Подготвителен курс методологија
20.11.2023

Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителен курс за подготовка и изработка на пријава за магистерски труд.

Подготвителниот курс ќе го води проф. д-р Небојша Вилиќ, а ќе се одржи од 05.12 до 09.12.2023 година.

За точниот термин на одржување на курсот заинтересираните студенти ќе бидат дополнително информирани на електронските адреси.

За студентите од втор циклус, кои студирале по студиска програма каде предметот Методологија на истражувањето во уметност не бил дел од предметната програма, курсот е бесплатен.

За сите останати, кои имаат потреба од ваков вид дополнителна едукација, цената на курсот е 6.000 денари.

СООПШТЕНИЕ
20.11.2023
На ден 23.11.2023 година (четврток) со почеток во 14:30 на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кандидатот АНГЕЛА ДИМИТРОВА ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Градење лик преку методот на В. Е. Мејерхољд“.
Отворен ден на УКИМ
16.11.2023

Отворен ден на УКИМДраги матуранти, наши идни студенти!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности...

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!

Се гледаме на 1 декември!!!

Ars Academica - 9
03.11.2023

Деветтиот број на меѓународното списание за изведувачки уметности „Арс Академика“ е објавен на следниов линк.
Промоцијата на списанието е на 7.11.2023г. на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 13:00 ч. Пред промоцијата ќе биде покажана и дел од изложбата од истражувањето „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941г.“

СКОМРАХИ 2023
26.10.2023

СКОМРАХИ 2023 - Постер Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2023 можете да ја преземете од следниот линк.

Субвенциониран студентски оброк 2023/24
02.10.2023

Потсетување на редовните квалификувани студенти за подигнување на наменска ко-брендирана Visa картичка на МОН - Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје за субвенциониран студентски оброк, за академската 2023/2024 година.

Користењето на наменската картичка започнува веќе од месец октомври 2023 година. Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.

Потсетувањето е за сите квалификувани редовни студенти, кои аплицирале за картичка за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, притоа ги исполниле условите за истото, биле контактирани, им има пристигнато смс порака од Шпаркасе Банка со точна локација и временски интервал, но кои сѐ уште не успеале да ги подигнат своите картички.

PDFПотсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички
PDFRikujtesë për të gjithë studentët që i plotësojnë kushtet, që të marrin kartat e posaçme

Фотографии:

Оглас за избор на демонстратори
28.09.2023

Деканатот на Факултетот за драмски уметност објавува оглас за избор на демонстратори по следните предметни програми:

  • Актерска игра пред камера
  • Сценски говор и техника на глас (Албански јазик)
  • Актерска игра (Турски јазик)

Целата содржина на огласот можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Трет уписен рок на прв циклус студии 2023/24
25.09.2023

На Факултетот за драмски уметности, вo ТРЕТИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Актерска игра со познавање на турски јазик (8 семестри) - вкупно 6 студенти и тоа: 4 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.
  2. Актерска игра со познавање на албански јазик (8 семестри) - вкупно 7 студенти и тоа: 3 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 4 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Втор уписен рок на прв циклус студии 2023/24
14.09.2023

На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Актерска игра со познавање на турски јазик (8 семестри) - вкупно 6 студенти и тоа: 4 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.
  2. Актерска игра со познавање на албански јазик (8 семестри) - вкупно 7 студенти и тоа: 3 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 4 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Конкурс за втор циклус студии 2023/24
14.09.2023

Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Јавен повик за работилница за сценаристи
18.08.2023

Факултетот за драмски уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје со задоволство отвораат заеднички јавен повик за сите заинтересирани кандидати за усовршување на сценаристичкиот занает. Работилницата ќе ја водат две успешни сценаристки од САД, Џесика Вотсон и Кристина Ву.

Работилницата за сценаристи е предвидена како интензивна, петдневна програма, која има за цел да им помогне на учесниците да ја развијат на најдобар можен начин својата приказна во сценарио. Програмата ќе ги продлабочи знаењата на сценаристите во создавањето и во раскажувањето привлечни приказни и ќе ги усоврши нивните наративни инстинкти, работејќи во мали групи на развој на нивните поединечни идеи.

Петнаесетте избрани кандидати ќе се среќаваат секој ден од понеделник - 18 септември, до петок - 22 септември, од 10:00 до 16:00 часот на Факултетот за драмски уметности, за да работат под менторство на двете врвни сценаристки.

Работилницата ќе се одвива на англиски јазик без превод, затоа е потребно солидно познавање на англискиот јазик.

Заинтересираните кандидати, најдоцна до петок, 25 август 2023 година, треба да ги достават следните два документи на електронската адреса на доцент Сашо Кокаланов, sasho.kokalanov@fdu.ukim.edu.mk:
  • Документ не подолг од 1 страница со краток опис на двете идеи што би сакале да ги развиваат на работилницата;
  • CV или кратка биографија (Кажете ни дали претходно сте напишале сценарио? Кратка приказна за вас и вашето образовно и пишувачко искуство? Дали вашата идеја е за оригинално сценарио или за адаптација? и сл.)

Повикот е отворен и на него може да се јават актуелни и дипломирани студенти на ФДУ и на УКИМ, како и на сите сродни факултети во земјава, од сите циклуси, но и професионалци со или без големо сценаристичко искуство.

Учеството на секој од пријавените кандидати ќе биде потврдено до 1 септември.

Подготвителни курсеви - 2023/24
14.08.2023

Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителен курс по Актерска игра за упис во учебната 2023/2024 година.

Учесниците на курсот ќе имаат можност да добијат претстава за елементарните теориски и практични сознанија од областа на наведените студиски програми, со што ќе стекнат корисни сознанија за успешна подготовка и реализација на приемниот испит.

Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.

  • Водители на курсот по Актерска игра
    доц. м-р Ангелчо Илиевски и проф. м-р Мими Таневска Србиновска.

Подготвителните курсеви ќе се одржат во период од 21.08.2023 до 25.08.2023 година.

Точниот термин на почетокот на подготвителниот курс ќе биде определен дополнително и сите учесници ќе бидат известени навреме.

Цената на подготвителниот курс изнесува 6.000 денари.

ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:

Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 3061 188
e-mail: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk.

Услови за запишување

Прв уписен рок на прв циклус студии 2023/24
24.07.2023

На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Актерска игра (8 семестри) - вкупно 8 студенти и тоа: 4 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 4 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.
  2. Актерска игра со познавање на турски јазик (8 семестри) - вкупно 8 студенти и тоа: 6 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.
  3. Актерска игра со познавање на албански јазик (8 семестри) - вкупно 10 студенти и тоа: 6 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 4 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за една учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Конкурс ERASMUS+ 2023/24
09.05.2023

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурси за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ.

PDFКонкурс ERASMUS+ за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ
Конкурс ERASMUS+ 2023/24
09.05.2023

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА103 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурси за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

PDFКонкурс ERASMUS+ за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ
СООПШТЕНИЕ
03.05.2023

На 16.05.2023 година (вторник) со почеток во 13.00 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кандидатот м-р Илија Циривири, ќе го брани докторскиот труд со наслов: „Конкурентска предност : Глобализација на дигиталниот филмски израз“.

Решение за првични резултати за избор на Факултетско студентско собрание
25.04.2023

Изборната комисија за спроведување на изборите на Факултетско студентско собрание, како и избирачкиот одбор именуван од Изборната комисија, донесе решение за првични резултати од спроведените избори.

PDFРешение за првични резултати од спроведените избори за претседател и членови во Факултетско студентско собрание
Одлука за избор на Факултетско студентско собрание
13.04.2023

Изборната комисија за спроведување на избори на Факултетско студентско собрание донесе одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во факултетското собрание.

PDFОдлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во Факултетско студентско собрание
Избори за Факултетско студентско собрание
10.04.2023

Согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на кандидатури за избор на претседател и членови на ФСС.

PDFОдлука за продолжување на рокот за поднесување на кандидатури за избор на претседател и членови на Факултетско студентско собрание
ТетовиРАНИ ИМПРЕСИИ
22.03.2023

ТетовиРАНИ ИМПРЕСИИФакултетот за драмски уметности го слави творештвото на нашиот и ваш, единствен Горан Стефановски, со мултимедијална програма под наслов „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе се одржат од 27 март до 27 април, во организација на Факултетот, и со учество на соработници, колеги и новите „наследници“ на Горан - студентите кои ги продолжуваат неговите приказни. Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на Факултетот.

Влезот за сите настани е слободен. Деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени – следете нé и приклучете се. Се радуваме на секое ваше присуство.


PDFПрограма за одбележување на творештвото на Горан Стефановски
Избори за Факултетско студентско собрание
09.03.2023

Согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.

Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:

PDFОдлука за распишување избори за Факултетско студентско собрание
PDFУпатство за кандидирање за изборите за Факултетското студентско собрание
Втор уписен рок на втор циклус студии 2022/23
24.01.2023

На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок за ВТОР циклус на студии во учебната 2022/2023 година ќе се запишуваат вкупно 50 студенти.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2022/23
09.01.2023

Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.

PDFПрелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2022/23
Отворен ден на УКИМ
22.11.2022

Отворен ден на УКИМДраги матуранти, наши идни студенти!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 02 декември 2022 во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!

Се гледаме на 02 декември.

СКОМРАХИ 2022
26.10.2022

СКОМРАХИ 2022 - Постер Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2022 можете да ја преземете од следниот линк.

Конечна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2022/23
25.10.2022

Конечна листа на примени кандидати во првиот уписен рок во академската 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.

PDFКонечна листа на примени кандидати во првиот уписен рок за трет циклус студии 2022/23
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2022/23
15.10.2022

Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.

PDFПрелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2022/23
Конкурс ERASMUS+ 2022/23
03.10.2022

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ.

Интерен оглас
20.09.2022

Се информираат студентите дека најдоцна до 6.10.2022 година можат да поднесат пријави согласно интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2022/2023 година.
E-mail адреса на која се поднесуваат пријавите: cvetanka.janevska@fdu.ukim.edu.mk

PDFОдлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии
PDFКонкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
MS-WordИзјава за членови на семејство
MS-WordИзјава за лични податоци
Втор уписен рок на прв циклус студии 2022/23
09.09.2022

На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2022/2023 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Актерска игра (8 семестри) - вкупно 2 студенти и тоа: 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.
  2. Театарска режија (8 семестри) - вкупно 4 студенти и тоа: 2 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.
  3. Театарска и филмска драматургија (8 семестри) - вкупно 6 студенти и тоа: 3 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 3 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Конечни ранг листи - прв циклус студии 2022/23
09.09.2022

Конечни ранг листи од конкурсот за прв циклус студии 2022/23 во првиот уписен рок:

СООПШТЕНИЕ
02.09.2022

На 30.09.2022 година, м-р Кристина Леловац ќе го брани докторскиот труд „ПОЕТИКАТА НА ТЕАТАРСКИОТ РЕЖИСЕР И ПЕДАГОГ ВЛАДИМИР МИЛЧИН“, објавен во Универзитетски билтен 1625/2022.

PDFПоетиката на театарскиот режисер и педагог Владимир Милчин

Распоред на Приемни испити во прв уписен рок 2022/23
25.08.2022

Распоредот на приемните испити за кандидатите на прв циклус студии во студиските програми по Актерска игра и Театарска режија во првиот уписен рок во учебната 2022/23 година, можете да го преземете од следниот линк:

PDFРаспоред на приемни испити во прв уписен рок 2022/23.
Прв уписен рок на прв циклус студии 2022/23
19.08.2022

На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Актерска игра (8 семестри) - вкупно 8 студенти и тоа: 4 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 4 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.
  2. Театарска режија (8 семестри) - вкупно 4 студенти и тоа: 2 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 2 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.
  3. Театарска и филмска драматургија (8 семестри) - вкупно 7 студенти и тоа: 4 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година и 3 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Отворен ден на УКИМ
17.08.2022

Драги матуранти, наши идни студенти,

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!

Се гледаме на 19 август!!!

Конкурс за прв циклус студии 2022/23
24.06.2022

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/23 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Конкурс за втор циклус студии 2022/23
24.06.2022

Нa 24.6.2022 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/2023 година.

Исто така, конкурсот е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Конкурс за трет циклус студии 2022/23
24.06.2022

Нa 24.6.2022 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година.

Исто така, конкурсот е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Подготвителни курсеви - 2022/23
02.06.2022

Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителни курсеви по Актерска игра, Театарска режија и Театарска и филмска драматургија, студиски програми на кои ќе се вршат уписи во учебната 2022/2023 година.

Подготвителните курсеви ќе се одржат во период од 22.06.2022 до 29.06.2022 година на Факултетот за драмски уметности.

Точните термини за подготвителните курсеви ќе бидат определени дополнително и сите учесници ќе бидат известени навреме.

ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:

Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 3061 188
e-mail: emilijadebarlieva@hotmail.com

Учесниците на курсот ќе имаат можност да добијат претстава за елементарните теориски и практични сознанија од областа на наведените студиски програми, со што ќе стекнат корисни сознанија за успешна подготовка и реализација на приемниот испит.

Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.

  • Водители на курсот по Актерска игра и Театарска режија
    проф. м-р Зоја Бузалковска, професор по Театарска режија и Актерска игра (е-маил: zoja_b@yahoo.com) и
    нас. доц. м-р Александар Степанулески.
  • Водители на курсот по Театарска и филмска драматургија
    проф. м-р Маја Стевановиќ, професор по Драматургија и
    доц. м-р Сашо Кокаланов, професор по Филмско и ТВ сценарио (e-mail: sasho.kokalanov@fdu.ukim.edu.mk, тел. 071 386-987).

Услови за запишување

Одлука за избор на Факултетско студентско собрание
16.05.2022

Изборната комисија за спроведување на избори на Факултетско студентско собрание донесе одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во факултетското собрание.

PDFОдлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во Факултетско студентско собрание
Меморандум за соработка со НУ Турски театар
05.04.2022

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје и НУ Турски театар со цел да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу двете институции.

Меморандумот е потпишан на 15.03.2022 г.

Фотографии:

ПОВЕЛБА на Република Северна Македонија
25.03.2022

Со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Факултетот за драмски уметности му е доделено високото признание ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација.

На свеченото доделување што се одржа на 25 март 2022 г., деканката Мими Таневска-Србиновска, во своето обраќање се заблагодари од името на Факултетот за драмски уметности за ова високо признание.

Фотографии:

Избори за Факултетско студентско собрание
23.03.2022

Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за повторно распишување на избори за ФСС.

PDFОдлука за повторно распишување избори за Факултетско студентско собрание
Избори за Факултетско студентско собрание
02.03.2022

Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.

Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:

PDFОдлука за распишување избори за Факултетско студентско собрание
PDFУпатство за кандидирање за изборите за Факултетското студентско собрание
Конечна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22
11.01.2022

Конечна листа на примени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.

PDFКонечна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22
28.12.2021

Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.

PDFПрелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22
Конечна ранг листа за интерен оглас (објавен на 22.09.2021)
27.10.2021

Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписницата за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.

PDFКонечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
Ранг листа за интерен оглас (објавен на 22.09.2021)
13.10.2021

Ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписницата за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.

PDFРанг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2021/22
12.10.2021

Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.

PDFПрелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2021/22
СООПШТЕНИЕ
08.10.2021

На ден 12.10.2021 година (вторник) со почеток во 12:00 часот со посредство на платформа за online видео комуникација MS Teams, кандидатот Дарио Секуловски ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Смислата на кадарот во визуелната филмска нарација на филмот “Andromeda Galaxy”“.

Од Деканатот

Интерен оглас
22.09.2021

Конкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.

PDFКонкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
Втор уписен рок на прв циклус студии 2021/22
15.09.2021

Распоред за приемниот испит во вториот уписен рок на прв циклус студии во 2021/22:

PDFРаспоред за приемниот испит за Продукција.
Информаци за конкурсот за трет циклус студии 2021/22
13.09.2021

Информации за конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2021/22 година:

Соопштението е објавено на страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и можете да го посетите од следниот линк.

Втор уписен рок на прв циклус студии 2021/22
11.09.2021

На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година на студиската програма Продукција (8 семестри) ќе се запишуваат 5 студенти со кофинансирање со надоместок од 400 EUR.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Финални ранг листи
11.09.2021

Финални ранг листи од конкурсот за прв циклус студии 2021/22 во првиот уписен рок.

Проверка на компетенциите - прв циклус студии 2021/22
27.08.2021

Проверката на знаења и умеења за сите пријавени кандидати за упис на Факултетот за драмски уметности во учебната 2021/2022 година, ќе започне во понеделник, 30.08.2021 година во 10.00 часот.

Сите кандидати да бидат на Факултетот во 09.30 часот, заради навремено распоредување и со себе да носат:

  • документ за идентификација
  • заштитна маска
  • пенкало.

Со почит,
ФДУ.

Отворен ден на УКИМ
11.08.2021

Почитувани,
во рамки на Отворен ден на УКИМ, Факултетот за драмски уметности - Скопје на 19 Август (четврток) од 10 - 12ч. на платформата за Онлајн комуникација Micosoft Teams ќе одржи ОНЛАЈН презентација на студиските програми Продукција и Актерска игра на кој ќе се примаат нови студенти, како и разговор и одговор на прашања во врска со приемните испити.

За вклучување потребно е да кликнете на следниот линк:

Поздрав,
ФДУ.

Прв уписен рок на прв циклус студии 2021/22
13.07.2021

На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Продукција (8 семестри) - вкупно 10 студенти и тоа: 5 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година, и 5 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година
  2. Актерска игра (8 семестри) - вкупно 10 студенти и тоа: 5 студенти во државна квота, со надомест 200 EUR за една учебна година, и 5 студенти со школарина, со надоместок од 400 EUR за учебна година.

За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Конкурс за прв циклус студии 2021/22
03.06.2021

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Конкурс за втор циклус студии 2021/22
03.06.2021

Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

Конкурс за трет циклус студии 2021/22
03.06.2021

Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.

СООПШТЕНИЕ
03.12.2020

На ден 09.12.2020 година (среда) со почеток во 12:00 часот со посредство на платформа за online видео комуникација кандидатот Ѓорче Ставрески ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Ограничувањата како двигател на успехот кај дебитантскиот игран филм "Исцелител"“.


ОД ДЕКАНАТОТ

СООПШТЕНИЕ
27.11.2020

На ден 03.12.2020 година (четврток) со почеток во 13:30 часот со посредство на платформа за online видео комуникација кандидатот Драган Кумев ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Монтажниот филмски ракопис на документарниот филм "Бисер"“.


ОД ДЕКАНАТОТ

Избори за Факултетско студентско собрание
16.11.2020

Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.

Заради пандемијата со Ковид 19, и запазување на мерките за заштита, годинава изборите на претставници во ФСС ќе се одвиваат електронски.

Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:

PDFОдлука за распишување избори за Факултетско студентско собрание
PDFУпатство за кандидирање за изборите за Факултетското студентско собрание
СООПШТЕНИЕ
09.11.2020

Почитувани,
Ве известуваме дека на 10.11.2020 година (вторник), со почеток во 13 часот, Факултетот за драмски уметности ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на нашиот драг и многу почитуван професор, актер, продуцент и долгогодишен декан на ФДУ, проф. Данчо Чеврески. Комеморативната седница ќе се одржи на отворено, со почитување на протоколите за одржување јавни настани во услови на пандемија.

Факултет за драмски уметности Скопје


Ars Academica - 8
05.11.2020

Промоцијата на списанието “Ars Academica” е во петок на 6.11.2020г. во 17:00 на ФДУ.
“Ars Academica” е меѓународно научно списание за изведувачки уметности. Се објавува двојазично - на македонски и на англиски јазик. Сите текстови се рецензирани од реномирани рецензенти. Овој број од списанието е достапен само во електронска форма.

Конкурс за втор циклус студии 2020/21
13.10.2020

Почитувани,
Ве информираме дека на УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје во тек е пријавувањето за упис на втор циклус студии за учебната 2020/2021 година и трае до 15.10.2020 година (четврток).

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтетресиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронкста пријава од IKNOW – системот.

Документите за пријавување треба да се доставуваат на следната електронска адреса: upisi-fdu@ukim.edu.mk.

Во предмет (Subjekt) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Конкурсот е обајавен на www.ukim.edu.mk и www.fdu.ukim.edu.mk.

Конкурс за трет циклус докторски студии 2020/21
15.09.2020

Почитувани,
Ве информираме дека на веб страната на УКИМ на 11.09.2020 год. се поставени две електронски адреси на кои треба да се доставуваат документите за пријавување од страна на кандидатите за запишување на трет циклус докторски студии, скенирани во pdf форма (согласно објавениот Конкурс за трет циклус студии).

Документите за пријавување треба да се доставуваат на следните електронски адреси:
odd.nauka@ukim.edu.mk
skola_za_ds@ukim.edu.mk

Пријавите од секој кандидат ќе бидат испечатени и заверени со архивски број во Ректоратот на УКИМ, а потоа сите документи ќе бидат препратени до соодветната студиска програма (раководителот и администрацијата на таа студиска програма) по електронски пат.

План за приемни испити 2020 година
01.09.2020

Планот за приемни испити на прв циклус студии во првиот уписен рок можете да го погледнете од следиот документ.

PDFПлан за приемни испити на прв циклус студии на ФДУ во учебната 2020/21 - Прв уписен рок.
Прв уписен рок на прв циклус студии 2020/21
25.07.2020

На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2020/2021 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:

  1. Филмска и тв монтажа (8 семестри) 3 студенти во државна квота со 200 EUR и 3 студенти со кофинансирање со надоместок од 400 EUR.
  2. Филмско и тв снимање (8 семестри) 3 студенти во државна квота со 200 EUR и 3 студенти со кофинансирање со надоместок од 400 EUR.
  3. Филмска и тв режија (8 семестри) 3 студенти во државна квота со 200 EUR и 3 студенти со кофинансирање со надоместок од 400 EUR.
  4. Актерска игра (8 семестри) 3 студенти во државна квота со 200 EUR.

Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.

Конкурс за трет циклус студии 2020/21
10.07.2020

Нa 10.7.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на трет циклус - докторски студии, на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2020/2021 година.

Исто така, Конкурсот е објавен и на веб страната на УКИМ и можете да го најдете на следниов линк.

СООПШТЕНИЕ
08.07.2020

На ден 16.07.2020 година (четврток) со почеток во 12.00 часот, кандидатот Љатив Хасоли ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Монтажната структура во Езенштајновата архитектура“.

Одбраната ќе се реализира со примена на eлектронска комуникација.


ОД ДЕКАНАТОТ

Конкурс за втор циклус студии 2020/21
01.07.2020

На 1.7.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2020/21.

Конкурсот можете да го најдете и на следниов линк.

Конкурс за прв циклус студии 2020/21
25.06.2020

На 25.6.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2020/21.

Конкурсот можете да го најдете и на следниов линк.

Конкурс ERASMUS+ 2020/21
23.06.2020

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Презакажани подготвителните курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање
22.06.2020

Подготвителните курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање се презакажани за 06.07.2020.

За повеќе информации прочитајте ги следните документи:

PDFПодготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа
PDFПодготвителен курс по Филмско и ТВ снимање.
СООПШТЕНИЕ
09.06.2020

Почитувани,
имајки ги во предвид последните случувања со влошување на состојбата со ширењето на Ковид 19, а и според ограничувањата кои ќе следат (највертојатно), СИТЕ договорени часови/средби со студентите со физичко присуство се ставаат ВО МИРУВАЊЕ ВЕДНАШ до следната објава.

Благодариме на разбирањето.


Продекан за настава
Вонр.проф. м-р Горан Трпчевски

Подготвителни курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање
03.06.2020

Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителни курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање.

Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.

  • Водител на курсот по Филмска и ТВ монтажа
  • проф. м-р Лазар Секуловски, професор по Филмска и ТВ монтажа.
  • Почеток 22.06.2020 година, 17:00.
  • Водител на курсот по Филмско и ТВ снимање
  • Вон. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и ТВ снимање и фотографија.
  • Почеток 22.06.2020 година, 11:00.

Бројот на учесници е ограничен на 5 лица во група заради пандемијата од Ковид-19.

За повеќе информации прочитајте ги следните документи:

PDFПодготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа
PDFПодготвителен курс по Филмско и ТВ снимање.
24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
25.05.2020

Делегација од Факултетот за драмски уметности, по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, Кирил и Методиј, во кампусот на УКИМ.
Нека ни е честит 24 мај, патрониот празник на нашиот Универзитет!

Фотографии:

Одлука
21.04.2020

Одлука за начинот на реализација на дејностите на Факултетот за драмски уметности во Скопје за време на вонредна состојба согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија.

Известување за настава во услови на пандемија на CoVid-19
26.03.2020

Согласно препораките и одлуките на Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија донесена е одлука да се имплементира далечинска настава на сите предметни програми.

За повеќе информации прочитајте ги следните документи:

PDFОдлука за OnLine настава
PDFПРАВИЛНИК за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
PDFИзвестување за прекин на настава.
Одлука
09.03.2020

Одлука за избор на претставници на Факултетското студентско собрание на Факултетот за драмски уметности – Скопје во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Одлука
09.03.2020

Одлука за избор на студентски претставници во Наставно-научен совет на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Одлука
09.03.2020

Одлука за избор на Заменик студентски правобранител на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

СООПШТЕНИЕ
21.02.2020

На ден 10.03.2020 година (вторник) со почеток во 11:00 часот на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје кандидатот Димитар Сеизов јавно ќе го брани магистерскиот труд „Функциите на изразните средства на звукот во филмот “Пусто турско“ “.

Конкурс за заменик студентски правобранител
18.01.2020

Факултетското студентско собрание на Факултетот за драмски уметности - Скопје, на ден 20.01.2020 година, понеделник, распишува конкурс за заменик студентски правобранител.

СООПШТЕНИЕ
18.01.2020

На 24.02.2020 година со почеток во 10.00 часот, на Факултетот за драмски уметности Скопје, кандидатот м-р Беким Селе, ќе го брани докторскиот труд со наслов „Примената на симболите на режисерот Иса Ќосја во документарниот филм Траги“.

Резултати од избори за Факултетско студентско собрание
29.11.2019

PDFРешение за првични резултати од спроведените избори за претседател и членови на факултетското студенстко собрание на Факултетот за драмски уметности – Скопје, одржани на 28.11.2019.

СООПШТЕНИЕ
25.11.2019

На ден 02.12.2019 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје кандидатот Ангелчо Илиевски јавно ќе го брани магистерскиот труд „Двоен актерски пристап при градење и изведба на лик, по системите на Станиславски и Мејерхољд“.

50 години Факултет за Драмски Уметности
05.11.2019

На 1 ноември 2019 год. Факултетот за Драмски Уметности – Скопје одбележа 50 години од основањето.
Одбележувањето на јубилејот започна со поздравен говор на деканот на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, проф. м-р Лазар Секуловски, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, а потоа на сцената во Македонскиот народен театар беше изведен „Живот за еден сон“ - перформанс во кој учествуваа голем број на сегашни и поранешни студенти на ФДУ.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и годинешната манифестација СКОМРАХИ.

Фотографии:

Ars Academica - 7
01.11.2019

Промоцијата на списанието “Ars Academica” е во недела на 3.11.2019г. во 18:00 на ФДУ.
“Ars Academica” е меѓународно научно списание за изведувачки уметности. Седмиот број што го промоцираме е на тема “Помеѓу традицијата и современоста”. Се објавува двојазично - на македонски и на англиски јазик. Сите текстови се рецензирани од реномирани рецензенти. Списанието е достапно онлајн и во печатена форма. На промоцијата ќе проговориме за важноста на списанија од ваков формат и ќе го презентираме новиот број.

Избори за Факултетско студентско собрание
30.10.2019

Почитувани студенти,
Врз основа на член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законост за високо образование, (Сл.весник број 82/2018) , член 65 од Статутот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) како и член 44 од Статутот на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, (Универзитетски гласник бр.455/2019), на ден 28.11.2019 година , четврток, со почеток во 10.00 часот, на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје, ќе се спроведат избори за 14 члена и за 1 (еден) претседател на факултетското студенстко собрание.
Членовите и претседателот на Факултетското студентското собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, со мандат од една година и со право за уште еден избор.

За повеќе информации прочитајте ги следните документи:

PDFСоопштение и упатство за пријавување на кандидати за факултетско студентско собрание
PDFОдлука за распишување избори за Факултетско студентско собрание
Систематски преглед
29.10.2019

Се известуваат студентите од прва година дека е предвиден задолжителен систематски преглед во 3. У. Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.

СКОМРАХИ 2019
29.10.2019

СКОМРАХИ 2019 - Постер   Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.

Конкурс за трет циклус студии 2019/20 - Конечна листа на пријавени кандидати
21.10.2019

Конечна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2019/2020 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.


PDFКонечна листа на пријавени кандидати
Конкурс за трет циклус студии 2019/20 - Прелиминарна листа на пријавени кандидати
03.10.2019

Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2019/2020 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.


PDFПрелиминарна листа на пријавени кандидати
Конкурс за трет циклус студии 2019/20
14.08.2019

Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски уметнички студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во академската 2019/2020 година.

Конкурс за прв циклус студии 2019/20
19.07.2019

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2019/2020 година.

Конкурс за втор циклус студии 2019/20
19.07.2019

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2019/2020 година.

Прва награда на меѓународниот “One-Minute Play” натпревар
02.07.2019

Стефан Миленков, студент во прва година на катедрата за Театарска и филмска драматургија (ФДУ-Скопје), со текстот „Отвори врата!“ ја освои првата награда на меѓународниот “One-Minute Play” натпревар за студенти, што се одржа на Академијата за Театар, Радио, Филм и Телевизија, при Универзитетот во Љубљана, Словенија.

Подготвителен курс по АКТЕРСКА ИГРА
20.06.2019

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра. Курсот вклучува индивидуална работа со секој од кандидатите, како и колективна работа преку определени (избрани за оваа намена) вежби.


  • Водител на курсот: проф. м-р Мими Таневска Србиновска, професор по Актерска игра на ФДУ.
  • 7 дена
  • Почеток 20.08.2019 година, 11h (Сцена на ФДУ)

Конкурс ERASMUS + 2019/20
24.05.2019

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

СООПШТЕНИЕ
25.04.2019

Хајнц Херманс (Heinz Hermanns), директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и Алета вон Фитингхоф (Aletta von Vietinghoff), позната филмска монтажерка од Берлин ќе имаат предавања и ќе одржат работилници на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на 06.05.2019 година (понеделник) и 08.05.2019 година (среда) со почеток во 11 часот.

СООПШТЕНИЕ
18.04.2019

Во согласност со одлуката на Наставно научниот и уметнички совет на УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје, бр 0202-196/3 од 16.04.2019 година, соопштуваме дека:
на ден 06.05.2019 година во 11 часот, во просториите на Факултетот за драмски уметности, ќе биде одржана јавна одбрана на докторската дисертација на кандидатот м-р Сашо Димоски со наслов: „Ресемантизацијата на митемите во постдрамските форми на театарот (Електра: случаи)“.

Конкурс за стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“
19.03.2019

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 5(пет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Право да конкурираат имаат студентите кои го имаат завршено најмалку вториот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, заклучно со септемврискиот испитен рок во 2019 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар.
Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари месечно.


PDFОдлука за доделување стипендии - „Атанас Близнакоф“
PDFПрилог - Критериуми за рангирање
MS-WordКонкурс за стипендии
MS-WordПријава на конкурс
MS-WordИзјава дека не користи друга стипендија
MS-WordИзјава за точност на податоци
MS-WordИзјава за лични податоци
MS-WordИзјава за членови на семејство
Конкурс за летна студентска пракса ERASMUS + 2018/19
25.02.2019

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.


MS-WordТабела за рангирање на студенти за ЕРАЗМУС+ летна пракса 2018/19 год.
Втор уписен рок за втор циклус студии 2018/19
22.01.2019

Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2018/2019 година.

Ars Academica - 6
18.12.2018

На 6.12.2018г. во просториите на Словенечкиот театарски институт СЛОГИ во Љубљана, се одржа промоцијата на заедничкиот број на македонското списание ARS ACADEMICA (што заеднички го објавуваат ФДУ и ФМУ) и словенечкото AMFITEATAR (издание на АГФРТ и СЛОГИ). Научните списанија од Македонија и Словенија имаат меѓународен уредувачки одбор и се рецензирани според стандардите на современата театролошка наука. Заедничкиот број на списанијата, заедно со дигиталната интернет база, објавена како подстраница на интернет станицата на ФДУ и Научната конференција одржана во ноември 2018 година на ФДУ се резултатите од Билатералниот научен проект „Македонско – словенечки театарски врски“. Списанието има 280 страници и е поделено на: Уводник, Тематски блок (што содржи четири капитални научни студии коавторски напишано од македонските и словенечките истражувачи на проектот), Интервјуа (со словенечкиот танчар и кореограф Дејан Срхој и македонскиот театарски режисер Слободан Унковски), независни студии и рецензија на книга. Списанието е објавено тројазично на македонски, словенечки и англиски јазик.

Фотографии:

Курс по филмско сценарио и филмска драматургија
26.11.2018

Факултетот за драмски уметности организира курс по филмско сценарио и филмска драматургија.

Ментор: Димитар Банов M.F.A. (Masters of Fine Arts) FAMU (Department of Screenwriting), Prague, Czech Republic.
Почеток: 15.01.2019 година, 11h (ФДУ)

Програмата на курсот можете да ја преземете од следниот линк.

Награда за најдобар студентски проект на Pitching Forum
26.11.2018

На Загребскиот филмски фестивал, наградата за најдобар студентски проект на Pitching Forum: Industry Youth ја добија Борјан Стојков, студент на катедрата за Филмска и тв режија (ФДУ, Скопје) и Душан Ефремов, студент на катедрата за Продукција (ФДУ, Скопје) за филмот „Како научив да играм шах“.

Македонско – словенечки театарски врски
04.11.2018

На 5.11.2018г. во 10.00 на Факултетот за драмски уметности – Скопје, ќе се одржи Билатерална научна конференција „Македонско – словенечки театарски врски (од 1990 до денес)“, на која ќе бидат презентирани резултатите од билатералниот двогодишен научен проект и ќе биде промовирана веб страницата за проектот.

СКОМРАХИ 2018
01.11.2018

СКОМРАХИ 2018 - Постер   Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2018 можете да ја преземете од следниот линк.

ФДУ e-Книги
03.10.2018

Книгата „Театар: предизвик, студии и есеи“ од проф.д-р Ана Стојаноска е објавена како електронска книга/учебник во рамките на издавачката дејност на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје и е достапен на следниот линк:

„Театар: предизвик, студии и есеи“ PDF

Распоред на часови - зимски семестар 2018/19
28.09.2018

Од следниот линк може да го преземете распоредот на часови во зимскиот семестар за студентите во прв циклус на студии во учебната 2018/19.

Универзитетски календар 2018/19
28.09.2018

Универзитетски календар на активности и неработни денови во учебната 2018/19 година.

Трет уписен рок за прв циклус студии 2018/19
19.09.2018

Трет конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2018/2019 година.

Втор уписен рок за прв циклус студии 2018/19
10.09.2018

Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2018/19 година.

На УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје, во вториот рок може да се запишат студенти на студискaта програма за Театарска и филмска драматургија.

Конкурс за втор циклус студии 2018/19
21.06.2018

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2018/2019 година.

Конкурс за прв циклус студии 2018/19
14.06.2018

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2018/2019 година.


PDFУплатница за пријавување на студенти на прв циклус студии
Конкурс ERASMUS + 2018/19
13.06.2018

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.


PDFТекст за конкурсот на ЕРАЗМУС+
Подготвителен курс по АКТЕРСКА ИГРА
31.05.2018

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра. Курсот вклучува индивидуална работа со секој од кандидатите, како и колективна работа преку определени (избрани за оваа намена) вежби.

Водител на курсот: проф. м-р Зоја Бузалковска и насл. доц. м-р Александар Степанулески, професори по Актерска игра на ФДУ.

  • 7 дена
  • Почеток 14.06.2018 година, 11h (ФДУ)
  • Број на посетители - ограничен
  • Цена: 6.000 денари

Подготвителна работилница по ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА
31.05.2018

Еднодневната работилница треба да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат зададениот материјал за приемниот испит како и да ги упати во некои основни правила во театарската режија.

Водител на курсот: проф. м-р Златко Славенски, професор по Театарска режија на ФДУ.

  • Почеток 18.06.2018 година, 12h (ФДУ)

Отворен ден на ФДУ
26.05.2018

Факултетот за драмски уметности (ФДУ) при УКИМ, на ден 30.05.2018 година во 11.00 часот ги кани сите заинтересирани кандидати за упис да присуствуваат на настанот кој ќе се организира, а на кој ќе имаат можност поблиску да се запознаат со можностите за студирање, студиските програми, пристапот во изучување на драмските уметности и спецификите на самото студирање.

Оваа година Отворениот ден ќе ги потенцира студиите по Актерска игра, Театарска режија и Театарска и филмска драматургија, за кои ќе се објави конкурс за упис на студенти во учебната 2018/19 година. На отворениот ден ќе овозможиме интерактивна дискусија околу студиите со професорите, запознавање со спецификите на приемниот испит и со работата на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Отворен ден на УКИМ
02.05.2018

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Информирајте се за можностите за студирање на најстариот и најдобро рангираниот универзитет во Македонија, со европски признати дипломи и избор на повеќе од 200 студиски програми.
Kампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ), 5 мај 2018, од 10 до 17 часот.

Фотографии:

Гостување на проф. д-р Мирослава Кортенска, Бугарија
30.04.2018

Од 25 до 29.4.2018г. во рамките на Еразмус+ програмата, на Факултетот за драмски уметности - Скопје, гостуваше театрологот професор д-р Мирослава Кортенска од Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“, Благоевград, Бугарија.
Проф. д-р Мирослава Кортенска е театарски критичар, театролог и културолог од Бугарија. Истражувач и проследувач на театарот и културолошките процеси на ХХ век, авторка на десет книги.
Професорката Кортенска одржа предавања за современиот светски и бугарски театар што ги проследија студентите на додипломските студии на нашиот факултет. Инспиративните предавања беа придружени со ексклузивен едукативен фото и видео материјал од некои од најзначајните претстави на Питер Брук, Харолд Пинтер, Ежен Јонеско, Еуџенио Барба и Боб Вилсон.
Трите главни предавања беа насловени како: Новиот „Хамлет“ е црн – за последниот прочит на Питер Брук на Шекспировата трагедија; „Носорозите“ на Јонеско во режија на Боб Вилсон, во Романија и Харолд Пинтер во Бугарија.

Фотографии:

ФДУ на фестивалот „Диониз“ во Ѓаково
05.04.2018
Ревизор - прва награда Диониз-Ѓаково 2018

Испитната претстава „Ревизор“ од Н. В. Гогољ на студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје е победник на 11-от меѓународен фестивал на факултетите и академиите за драмски уметности „Диониз“, кој се одржа во Ѓаково, Р. Хрватска.

Испитната претстава е работена во втора година под менторство на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и помагателот во наставата Ангелчо Илиевски.
На фестивалот, што го организираше Уметничката академија од Осиек, учествуваа и студенти од академии од Хрватска (Загреб, Сплит), Австрија, Германија и Романија.

Фестивалот се организира од 2008 година. Неговите иницијатори сакаат да го афирмираат театарот, а заговараат инвентивност, комуникативност и отвореност на театарскиот чин.

Целта на фестивалот е театарот да излезе од затворениот академски простор, поврзување на регионот со други европски региони, како и можност на младите луѓе да се запознаат со работата на другите академии, но и да се презентираат пред јавноста.

ЗА ФИЛМОТ, ВИСТИНАТА И ДОСТОИНСТВОТО!
23.02.2018

Разговор со Лордан Зафрановиќ - ПостерПокана на средба и разговор со ЛОРДАН ЗАФРАНОВИЌ, филмски режисер.


ЗА ФИЛМОТ, ВИСТИНАТА И ДОСТОИНСТВОТО!
- посветено на генерациите по нас -


Модератори: М-р Синоличка Меллес – Трпкова,
Д-р Наум Пановски.

Академска сцена на ФДУ, вторник, 3ти април 2018, 11:00-14:00.

MLADINSKO SHOWCASE - 2018
14.02.2018

Call for international students – MLADINSKO SHOWCASE (5–8 april 2018)

We are happy to welcome 10 international students (theatre and performance studies, dramaturgy, directing, etc.) to a showcase weekend at the MLADINSKO Theatre, Ljubljana, Slovenia. Participants will have opportunity to see the most acclaimed performances from the Mladinsko’s recent production, take part in talks, workshops and parties in the theatre club. The MLADINSKO Theatre will provide accommodation (April 5–9), including breakfast and theatre tickets. In some cases, we can assist with you travel expenses.

The programme is organised in collaboration with Ljubljana’s Academy of Theatre, Radio, Film and Television (AGRFT). Sebastijan Horvat, theatre director, professor at the AGRFT, Ljubljana, and Ana Vujanović, theorist of performing arts, lecturer at SNDO – School for New Dance Development in Amsterdam, will head a series of talks, meetings with artists, etc.

Please fill the application form and send it to katarina.kosir@mladinsko- gl.si before 28 February 2018. The results will be published by 5 March 2018.


PDFMladinsko SHOWCASE 2018 - Invitation
PDFMladinsko SHOWCASE 2018 - Call
PDFMladinsko SHOWCASE 2018 - Application
Летна студентска пракса/стажирање ERASMUS+ 2017/18
26.01.2018

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Времетраење на мобилноста за студенти: минимум 2, максимум 3 месеци (јуни, јули и август 2018 година).

Конкурс за втор циклус студии 2017/18 - втор уписен рок
09.01.2018

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2017/2018 година, втор уписен рок.

СКОМРАХИ 2017
02.11.2017

СКОМРАХИ 2017 - Постер   Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 3ти до 8ми ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2017 можете да ја преземете од следниот линк.

Конкурс за прв циклус студии 2017/18 - трет уписен рок
13.09.2017

Непополнети места за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година во трет уписен рок.

Информации од јавен каратктер
01.09.2017

Службено лице за посредување за информации од јавен каратктер: РОЗА ИВАНОВСКА (roza.ivanovska@yahoo.com)

Финални информативни средби со новите кандидати
09.08.2017

На 15.08.2017 (вторник) и 16.08.2017 (среда) со почеток во 17ч. ќе се одржат финалните информативни средби со заинтересираните кандидати за запишување на отсекот Драмски актери со познавање на македонски јазик, во учебната 2017/2018.
Средбите ќе ги водат проф. д-р. Сузана Киранџиска и доц. м-р. Кристина Леловац и на истите кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу последните подготовки за примениот испит.

Конкурс ERASMUS + 2017/18
21.07.2017

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Ars Academica
21.07.2017

Излезе од печат четвртиот број на списанието Ars Academica.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Конкурс за прв циклус студии 2017/18
07.07.2017

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година.


PDFКонкурс за запишување студенти на I циклус студии на ФДУ во 2017/18 г.
PDFУплатница за пријавување на студенти на прв циклус студии
Дипломски филм - најдобар филм на Балканот
08.06.2017

Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска, дипломиран студент на катедрата за филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески е добитник на наградата Best BALKAN Film во официјалната конкуренција на Интернационалниот фестивал за документарен филм во Тирана.

Филмот е дипломски филм во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото и режијата се на Тамара Котевска, монтажата е на Сандра Ѓоргиева и Андреј Ристески, извршен продуцент е Ирина Лазарова, сите студенти на Факултетот за драмски уметности.

Тамара Котевска го има снимано филмот како студент, во текот на „Work&travel“ програмата во Масачусец, САД, во кој протагонисти се уште и Марија Гелмановска и Ирина Цонеска.

Филмот „STUDaNTS“ го компарира животот на студентите кои преку Work & Travel програмата одат во САД и мравките кои мигрираат во поголемо гнездо, а оваа компарација е доловена преку автентична нарација превземена од 10-на документарци за мравки и преиграна со гласот на Мартин Манев.

Информативна средба со новите кандидати
05.06.2017

Следната информативна средба со заинтересираните кандидати за запишување на катедрата за Драмски актери, во учебната 2017/2018 ќе се одржи на 07.06. (среда) во 17ч.
Средбата ќе ја води проф. д-р. Сузана Киранџиска и на истата кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу подготовките за примениот испит.

Информативна средба со новите кандидати
25.05.2017

На 31.05. (среда) и 01.06. (четврток) од 17ч. до 20ч. на Факултетот за драмски уметности ќе се одржи информативна средба со заинтересираните кандидати за запишување на катедрата за Драмски актери, во учебната 2017/2018.
Средбата ќе ја води проф. д-р. Сузана Киранџиска и на истата кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу подготовките за примениот испит.

Отворен ден на ФДУ
12.04.2017

Факултетот за драмски уметности при УКИМ, на ден 18.04.2017 година во 17 часот ги кани сите заинтересирани кандидати за упис да присуствуваат на настанот кој ќе се организира, а на кој ќе имаат можност поблиску да се запознаат со можностите за студирање, студиските програми, пристапот во изучување на драмските уметности и спецификите на самото студирање.


Оваа година Отворентиот ден ќе ги потенцира студиите по Актерска игра и Филмска/ТВ и театарска продукција, за кои ќе се објави конкурс за упис на студенти во учебната 2017/18 година. На отворентиот ден ќе овозможиме интерактивна дискусија со матурантите околу студиите, активно учество на час по Актерска игра и презентација на кратки студентски филмови во продукција на ФДУ.

Прослава по повод Светскиот ден на театарот
27.03.2017

Факултетот за драмски уметности во Скопје, традиционално, и оваа година ќе го одбележи Светскиот ден на театарот, 27 Март.
Прославата ќе биде отворена во 12 часот со шпански перформанс на студентите од катедрaта за Актерска игра под менторство на проф. Кренаре Невзати, а ќе продолжи со читање на светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот. Потоа ќе започне маратон од студентски испитни претстави, музички изведби, ликовни, архитетктонски и фотографски изложби.

Курс по филмско сценарио и филмска драматургија
16.01.2017

Факултетот за драмски уметности организира курс по филмско сценарио и филмска драматургија, со 12 интерактивни предавања.

Водител на курсот е Димитар Банов M.F.A. (Masters of Fine Arts) (Department of Screenwriting), Prague, Czech Republic.

Курсот започнува на 06.02.2017 година, во 15h на ФДУ.

СКОМРАХИ 2016
31.10.2016

СКОМРАХИ 2016 - Постер   Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 4ти до 8ми ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2016 можете да ја погледнете на следниот линк.

ФДУ на МЕСС, БИТЕФ и МОТ
20.09.2016

На 28 септември и на 1 и 2 октомври, како дел од регионалниот проект ПРАВДА, студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје, заедно со студентите од Академиите и Факултетите за драмски уметности од Загреб, Љубљана, Белград, Нови Сад, Сараево и Цетиње ќе настапат на интернационалните театарски фестивали МОТ во Скопје, БИТЕФ во Белград и МЕСС во Сараево.

Конкурс за втор циклус студии 2016/17
06.09.2016

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2016/2017 година.

Конкурс за трет циклус студии 2016/17
06.09.2016

Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во академската 2016/2017 година.

Втор уписен рок за прв циклус студии 2016/17
30.08.2016

Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2016/17 година.

На УКИМ ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ во Скопје, во вториот рок може да се запишат студенти на студискaта програма за ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА.

Конкурс ERASMUS + 2016/17
16.08.2016

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Конкурс за прв циклус студии 2016/17
21.06.2016

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2016/17 година.


PDFКонкурс за запишување студенти на I циклус студии на ФДУ во 2016/17 г.
PDFРокови за пријавување и проверка на знаења и умеења
Проект: ПРАВДА
13.04.2016

На 06.04.2016 на Академијата за драмски уметности во Загреб (АДУ) со премиерната изведба на седум драмски дела на тема правда, претставен е досега најголемиот регионален проект на театарски академии и факултети.

Фотографии:

Подготвителен курс по ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА
22.03.2016

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмска и тв монтажа, од 11ти април до 5ти мај 2016 година.

Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е проф. м-р Лазар Секуловски, професор по Филмска и тв монтажа на ФДУ - Скопје.

Курсот започнува на 11.04.2016 година, во 17h на ФДУ.
Број на учесници - максимум 10 во група.

Подготвителен курс по ФИЛМСКО И ТВ СНИМАЊЕ
22.03.2016

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање, од 11ти април до 5ти мај 2016 година.

Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е Вонр. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и тв снимање и Фотографија на ФДУ - Скопје.

Курсот започнува на 11.04.2016 година, во 17h на ФДУ.
Број на учесници - максимум 10 во група.

Ars Academica
17.12.2015

Излезе од печат третиот број на списанието Ars Academica.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.

СКОМРАХИ 2015
03.11.2015

СКОМРАХИ 2015 - Постер   Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 6ти до 10ти ноември.

Програмата за СКОМРАХИ 2015 можете да ја погледнете на следниот линк.

ЈАВЕН ПОВИК
22.10.2015

Министерството за економија ги известува заинтересираните студенти и млади претприемачи дека рокот за аплицирање по објавениот ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис (www.economy.gov.mk/ javni_konkursi/oglasi/4515.html) објавен на 22.06.2015 година, се продолжува до 22.10.2015 година.


PDFУпатство за пишување бизнис план
PDFСоопштение
„(Вон)земјанинот Ли“ на „Прв кадар“ 2015
26.09.2015

Документарниот филм „(Вон)земјанинот Ли“ на Сашко Мицевски е селектиран да учествува на 9от Меѓународен филмски фестивал „Прв кадар - 9 животи“ во Сараево, БиХ.

ФДУ на УНИКА 2015
21.09.2015

На овогодишното издание на филмскиот фестивал на организацијата УНИКА (UNICA - Union Internationale du Cinéma), кој се одржа од 5-ти до 12-ти септември, во Санкт Петербург, Русија, Тамара Котевска, студент на катедрата за Филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески со филмот "Кројачи", е наградена со Почесна Диплома во конкуренција од 32 земји ширум светот. (линк до наградените филмови).
УНИКА e независна, невладина и интернационална организација. Таа е непрофитна организација и е членка на Интернационалниот совет за филм, телевизија и аудиовизуелна комуникација (I.F.T.C.), кој ужива консултативен статус во УНЕСКО. Во моментот УНИКА брои 32 земји членки, од кои најголем дел се од Европа. Членките се национални филмски асоцијации, федерации или сојузи кои ја претставуваат својата земја. Македонија е членка на УНИКА од 1996 година, преку Кино сојузот на Македонија.

ФДУ на меѓународниот фестивал „Видение“ во Русија
18.09.2015

Краткиот филм „Надвор е ладно“ на Ана Јакимска, студентка на катедрата за Филмска и тв режија во класата на Вон. проф. д-р Антонио Митриќески, влезе во официјална конкуренција на меѓународниот фестивал „Видение“ во Кемерово, Русија.
„Надвор е ладно“ е испитен филм по Филмска и ТВ режија за трети семестар. Директор на фотографија е Бранко Аврамовски, студент на катедрата за Филмско и тв снимање, а монтажата е на Горјан Атанасов студент на катедрата за Филмска и тв монтажа.

Трет уписен рок на прв циклус студии 2015/16
14.09.2015

На Факултетот за драмски уметности во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во третиот уписен рок може да се запише 1 (еден) студент на редовни студии со кофинансирање на студиската програма Драмски актери со познавање на албански јазик.

Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во третиот уписен рок.

Втор уписен рок на прв циклус студии 2015/16
27.08.2015

На Факултетот за драмски уметности во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во вториот уписен рок може да се запишат 3 (три) студенти на редовни студии со кофинансирање на студиската програма Драмски актери со познавање на албански јазик.

Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во вториот уписен рок.

Конкурс ERASMUS + 2015/16
27.08.2015

Конкурс за мобилност на студенти и наставници во рамките на ERASMUS+ програмата за академската 2015-2016.

Сите заинтересирани, апликациите ги доставуваат до доц. м-р Кристина Леловац, (lelovac.fda@gmail.com) ERASMUS координатор најдоцна до 20-ти октомвти, 2015 година.

Дополнителни информации побарајте на интернет-страната на Универзитетот:
www.ukim.edu.mk (Меѓународна соработка - ERASMUS +) или обратете се на меил адресите: international@ukim.edu.mk или mcenevska@ukim.edu.mk

Прв уписен рок на прв циклус студии 2015/16
04.08.2015

Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.

ФДУ на Филмскиот фестивал во Сараево
20.07.2015

Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева, III година на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на вон. проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски на Факултетот за драмски уметности во Скопје е селектиран во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Сараево, во категоријата - документарен филм.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓоргиева, сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција во класата на вон. проф. м-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност, чиј ментор е доц. м-р Дарија Андовска.

Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ го истражува животот и условите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, пасивноста, отпорот на студентите, нивните стравови и права.

Својот фестивалски живот, филмот го започна на ДокуМа, филмски фестивал за документарен филм во Макарска, а неодамна беше прикажан и на Фестивалот за креативен документарен филм MakeDox.

ФДУ на Пула 2015
07.07.2015

Дипломските филмови „Враќање“ во режија на Дина Дума и „Аудиција“ во режија на Лавинија Софрониевска влегоа во селекција на студентската програма на Филмскиот фестивал во Пула.

Сценариото за филмот „Аудиција“ е на Горјан Милошевски, директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов и Ивана Павлаковиќ.

Сценариото за филмот „Враќање“ е на Александар Русјаков и Дина Дума, директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски и Ивица Димитријевиќ.

Филмовите се во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.

ФДУ на Македокс 2015
06.07.2015

Документарните филм „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева, и „На велосипед“ на Горјан Атанасов, студенти на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски беа премиерно прикажани на филмскиот фестивал за документарен филм Македокс 2015.

Сандра Ѓоргиева е сценарист, режисер и монтажер на документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“, а сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на проф. м-р Горан Трпчевски. Извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција, во класата на проф. д-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ја отсликува приказната за животот и условите на студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Горјан Атанасов е сценарист, режисер и монтажер на документарниот филм „На велосипед“, а сниматели се Кристијан Караџовски и Бранко Аврамовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на проф. м-р Горан Трпчевски. Музиката е на Иво Митковски, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а за звукот се погрижи Сашко Потер Мицевски.
Филмот „На велосипед“ е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ги третира проблемите на велосипедистите во Скопје, нивната борба за права и простор слободно да возат низ градот, ненасилните активности и организирањето на „Критична маса“.

Конкурс за прв циклус студии 2015/16
19.06.2015

Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.

ФДУ во Загреб
19.06.2015

Различни (Загреб 2015) - Постер  На 29 мај 2015 година, на театарската мала сцена „Видра“, (дел од Сатиричниот театар Керембух), на улица Драшковиќева 80, Загреб, се одигра претставата „Различни“. Факултетот за драмски уметности Скопје се претстави со шест едночинки на студентите од Катедрата по Филмска и Театарска драматургија пред Македонците кои живеат во Загреб и пред пошироката јавност. Артин Селмани, Мона Паскалова, Сашо Кокаланов, Марина Трајковска, Ивана Димова и Калија Киселички создадоа шест современи приказни кои се инспирирани од секојдневниот живот и под влијание на политичко општествениот контекст во кој живееме.
Идејата на проектот беше да бидат инволвирани студенти од драматургија, театарска режија и актерска игра од различни катедри и различни возрасти, да се постигне меѓу генерациска соработка.
Координатор на проектот беше м-р Катерина Момева, режисери - Драгана Милошевска Попова, веќе искусен и сериозен режисер, под чија иницијатива во проектот доаѓаат Драгана Стојчевска, која е четврта година и во подготовка на својата дипломска претстава, како и Дамјан Костовски студент на прва година на катедрата по театарска режија.
На штиците од театарот Видра (именуван по прекарот на Марин Држиќ), претставата ја одиграа шест млади актери, некои од нив сè уште студенти, а некои само што дипломираа: Мирјана Трповска, Никола Наковски, Емине Халил, Јеткин Сезаир, Марко Богдановски и Вирџинија Ристевска. Претставата имаше и своја оригинална музика, компонирана од Глигор Кондовски.
Проект се реализираше благодарение на СОВЕТОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО НА ГРАД ЗАГРЕБ и по идеја на Г. Лазар Тошанов, претседателот на советот Томе Апостоловски и координаторот на проектот Рената Фирст.

Награда на The Monthly Film Festival
17.06.2015

Филмот ВРАЌАЊЕ на Дина Дума доби награда FILM OF THE MONTH НА TMFF (The Monthly Film Festival). ВРАЌАЊЕ е во продукција на ФДУ, поддржан од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Софија Куновска, Ивица Димитријевиќ, Владо Јовановски и Никола Ристановски.

Дипломски филмови на Short Film Festival of the Cote Bleue
17.06.2015

Дипломските филмови Враќање во режија на Дина Дума, Аудиција во режија на Лавинија Софрониевска, Шекспирова 9/1 и Карма во режија на Владимир Митревски ќе бидат прикажани на 5-то издание на Short Film Festival of the Cote Bleue, Франција.

Меморандум за соработка со Филмскиот фестивал во Пула
26.05.2015

Факултетот за драмски уметности во Скопје потпиша меморандум за соработка со Филмскиот фестивал во Пула.

„ВРАЌАЊЕ“ на „Los Angeles Cine Fest“
22.05.2015

Филмот ВРАЌАЊЕ на Дина Дума е примен на Los Angeles Cine Fest.
ВРАЌАЊЕ е во продукција на ФДУ, со поддршка на Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Софија Куновска, Ивица Димитријевиќ, Владо Јовановски и Никола Ристановски.

Подготвителен курс по АКТЕРСКА ИГРА
19.05.2015

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра, од 5ти август до 10ти август 2015 година.

Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е вонреден професор М-р Мими ТАНЕВСКА-СРБИНОВСКА, професор по актерска игра на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 05.08.2015 година, во 11h на ФДУ. Пријавувањето е во тек.


Уплатница - Подготвителен  курс по актерска игра 2015/16

Од следниот линк можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка: Драмски актери.

„(Вон)земјанинот Ли“ на КФФ 2015
17.05.2015

Документарниот филм „(Вон)земјанинот Ли“ на Сашко Мицевски избран во конкуренција од 2530 филмови од 102 земји на КФФ (Краљевски Филмски Фестивал) кој ќе се одржи од Краљево, Р.Србија.

Отворени денови на ФДУ
12.05.2015

Од 18ти до 22ри мај 2015 година, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот вратите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе бидат отворени за сите заинтересирани кандидати за упис на катедрите за драмски актери на Факултетот.


Заинтересираните кандидати ќе можат директно да комуницираат со професорите и да им постават прашања во врска со студиите, а ќе можат да се запознаат и со просторните и технички капацитети и услови кои што ги нуди Факултетот.

Отворен ден - запознајте го УКИМ
06.05.2015

Отворен ден на УКИМ - Постер  
Запознајте се со можностите за студирање на УКИМ.
Дознајте која професија најдобро ви прилега.
Студентска мобилност.
Новитети.
Многубројни известувања за посетителите.


Универзитетски кампус, петок, 8 мај 2015, од 10 до 17часот.

Награда за најдобар документарен филм
03.04.2015

Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“ ја доби наградата најдобар документарен филм на 16-от фестивал на студентски филм „Будење“.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
Филмот е во продукција на Факултетот на Драмски уметности во Скопје.

Конкурс за „Талентс“ Сараево 2015
27.03.2015

Талентс Сараево во рамки на 21от Sarajevo Film фестивал објави конкурс за учество на млади филмски професионалци од југоисточна Европа и јужен Кавказ.
Рокот за пријавување е до 30 април 2015.

„(Вон)земјанинот Ли“ на фестивалот „Будење“
26.03.2015

Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“ влезе во селекција и ќе учествува на 16-от фестивал на студентски филм „Будење“. Проекцијата на филмот ќе биде на 29-ти март во Домот на млади во Белград.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
Филмот е во продукција на Факултетот на Драмски уметности во Скопје.

Ars Academica
23.02.2015

Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Идејата е на едно место да се промовира научната мисла на професорите и соработничкиот кадар на факултетите, засилени со научните трудови на нашите уредници од меѓународниот уредувачки одбор. Минатата година беа објавени два броја од списанието, а оваа година го подготвуваме следниот.

Награда на EASTWEEK Workshop во рамки на Trieste Film Festival
29.01.2015

Тритментот за долгометражниот игран филм „MIDNIGHT TRAIN“ на Ана Јакимска, студент на катедрата за филмска и ТВ режија во класата на вон. проф. д-р Антонио Митриќески, работено под менторство на вон. проф. д-р Сашко Насев, е добитник на единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји. Наградата беше доделена од проф. д-р Павел Јех, Декан на филмската академија во Прага (ФАМУ).

Конкурс за сценарио за краток игран филм
21.01.2015

Академијата за драмски уметности од Загреб во соработка со Факултетот за драмски уметности во Скопје, Академијата за уметности во Нови Сад, Академијата за сценски уметности во Сараево, Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, распишува конкурс за сценарио за краток игран филм во траење од 15 минути на тема „сведок на неправдата“.
На конкурсот може да учествуваат студентите по драматургија и сценарио и студентите од катедрата за филмска и ТВ режија.
За најдоброто сценарио ќе одлучи меѓународно жири составено од професори од партнерските факултети и академии од регионот. Одбраните сценарија ќе бидат претставени на Академијата за драмски уметности во Загреб, во рамките на студентскиот филмски фестивал ФРКА (Филмска ревија на драмските академии) која ќе се одржи од 17 до 19 април.
Рокот за достава на сценариото е 16 март 2015 година.

ФДУ на EASTWEEK Workshop во рамки на Trieste Film Festival
06.12.2014

„Midnight Train“ - тритментот за долгометражниот филм на Ана Јакимска, студент на катедрата за Филмска и ТВ режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески е избран да учествува на „EASTWEEK- Script Writing Workshop for New Talents“ во рамките на Trieste Film Festival - Alpe Adria Cinema, Италија. Тритментот е работен под менторство на проф. д-р Сашко Насев, професор по Филмско и ТВ сценарио, а ќе биде дипломски филм на Ана Јакимска.

ФДУ на "The Goddess on the Throne“
23.11.2014

Краткометражните филмови „Chicken Soup“ на Лидија Мојсовска и „Do it yourself“ на Андреј Георгиев, студенти на катедрата за Филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески влегоа во трка за најдобар филм на фестивалот "The Goddess on the Throne“ во Приштина.

„(Вон)земјанинот Ли“ на EUROSHORTS 2014
19.11.2014

Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“, на Сашко Мицевски влезе во трка за најдобар документарен филм на фестивалот EUROSHORTS 2014 во Полска.

Награда за најдобра монтажа на документарен филм
15.11.2014

Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“, на Сашко Мицевски ја доби наградата за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhi Shorts International Film Festival во Индија.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
3th Delhi Shorts International Film Festival

Две награди за филмот „Шекспирова 9/1“
15.11.2014

На осмото издание на фестивалот КРАФ (Kragujevački Festival Antiratnog i Angažovanog Filma) во Крагуевац, Србија, краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди: прва награда од жирито на фестивалот за најдобар студентски филм и признание од публиката за најдобар филм.

45 години Факултет за Драмски Уметности
23.10.2014

45 години ФДУ - Постер  На 1 ноември 2014 год. Факултетот за Драмски Уметности – Скопје одбележува 45 години од основањето.


Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе се одржат свечена академија и претставата DIES IRAE, меѓународна конференција во Охрид на тема „Искуствата и перспективите на факултетите за драмски уметности“ и годинешната манифестација СКОМРАХИ.

Фотографии:

Промоција на монографија
08.10.2014

Промоција на монографијата „Димитар Ќостаров - Реалистичка поетика и естетика на еден режисер“ од д-р Ана СТОЈАНОСКА.

Фотографии:

Проекција на дипломски филмови - 2014
06.10.2014

Премиерна проекција на дипломски филмови во CINEPLEXX:


„АУДИЦИЈА“

Режија: Лавинија Софрониевска, Директор на фотографија: Дарио Секуловски
Сценарио: Горјан Милошевски, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов, Ивана Павлаковиќ


„ШЕКСПИРОВА 9/1“

Режија и монтажа: Владимир Митревски, Директор на фотографија: Дејан Димески
Сценарио: Димитрија Доксевски, Владимир Митревски
Играат: Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Емил Рубен, Лазар Манасков


„ВРАЌАЊЕ“

Режија: Дина Дума, Директор на фотографија: Наум Доксевски
Сценарио: Александар Русјаков, Дина Дума, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ


Филмовите се реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.

Фотографии:

Курс за јавно говорење
25.09.2014

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.

Документи за запишување
23.08.2014

Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 26 и 27 август 2014 година од 8:00 - 15:00 часот.
Информации за докуметите потребни за запишување можете да најдете во документот од следниот линк.

ГРАН ПРИ за „Враќање“ на 28 Филмски фестивал Херцег Нови
09.08.2014

Краткометражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума, на филмскиот фестивал во Херцег Нови е добитник на првата награда во рамките на студентската филмска програма. Наградата ГРАН ПРИ е доделена од жирито на фестивалот за најдобар филм во целост.

На фестивалот во Хергец Нови, беа прикажани уште два играни краткометражни филмови и еден документарен филм во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје и тоа: “Шекспирова 9/1”, “Аудиција” и “Вонземјанинот Ли”.

Скопската премиера на “Враќање”, но и на “Шекспирова 9/1” и “Аудиција” е закажана за крајот на септември.

Прв уписен рок на ФДУ во учебна 2014/15
18.06.2014

Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2014/15 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.

Подготвителен курс по ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА
06.06.2014

Факултетот за драмски уметности во Скопје на 13.06.2014 (петок) со почеток во 12 часот организира подготвителни часови по театарска режија.

Часовите ќе се одржат само на 13.06.2014 година и ќе бидат бесплатни.
Бројот на посетители е ограничен.

За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

Подготвителен курс по АКТЕРСКА ИГРА
27.05.2014

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра, со почеток од 16.06.2014, во траење од 7 дена.

Водител на курсот е вон. проф. М-р Зоја БУЗАЛКОВСКА, професор по Aктерска игра на ФДУ.
Бројот на посетители е ограничен.


За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

Конкурс за прв циклус студии 2014/15
26.05.2014

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје - Факултет за драмски уметности во учебната 2014/2015 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ НА SKOPJE FILM FESTIVAL 2014
24.04.2014

Студентски филмови на Скопје филм фестивал 2014 - Постер  Скопскиот филмски фестивал од оваа година во соработка со Факултетот за драмски уметности воведува програма на студентски филмови. Програма, во чии рамки ќе ги претставиме кратките играни и документарни остварувања на најмладите, со цел да ги промовираме, но и да им дадеме можност да го валоризираат својот труд токму онаму каде што треба, во киносала и пред публика. На 17. издание на Скопскиот филмски фестивал имаме дури 17 филма, од кои десет се документарни, а седум се играни.


Влезот е слободен. Повелете!

Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ за 2014/15 година
22.04.2014

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ.

Контролни испити ЕРАЗМУС МУНДУС +
22.04.2014

Се информираат сите заинтересирани кандидати што ќе конкурираат за стипендиите ЕРАЗМУС МУНДУС + дека контролните испити за проверка на знаењето на странски јазик ќе се одржат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во следните термини:


  • англиски јазик на 24, 25, 28, 29 и на 30 април 2014 г. од 11 часот,
    од 5 до 9 мај и од 12 до 15 мај од 11 часот
  • германски јазик на 25 април и на 6 мај 2014 г. од 11 часот
  • италијански јазик на 28 април и 5 мај 2014 г. од 11 часот
  • француски јазик на 17 мај 2014 г. од 11 часот.

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.

За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, обратете се во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Контакт-телефон: 02 32 40 436.

Услови за запишување за прв циклус студии 2014/15
16.04.2014

Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:

Отворени денови на ФДУ
25.03.2014

Од 14ти до 18ти април 2014 година, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот вратите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе бидат отворени за сите заинтересирани кандидати за упис на некоја од катедрите на Факултетот.


Заинтересираните кандидати ќе можат прашањата во врска со студиите директно да им ги постават на професорите на ФДУ, а ќе можат да се запознаат и со просторните и технички капацитети и услови кои што ги нуди Факултетот.

Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд
29.01.2014

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Преглед на прифатени теми за изработка на докторски труд
29.01.2014

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Натпревар за краток драмски текст
21.12.2013

Факултетот за драмски уметности – Скопје во соработка со
Регионална Мрежа Aкадемијa - лого Akademija dramske umjetnosti – Zagreb,
Akademijа za gledališče, radio, film in televizijo – Ljubljana,
Fakultet dramskih umetnosti – Beograd,
Akademija umetnosti - Novi Sad,
Akademijа scenskih umjetnosti – Sarajevo и
Fakultet dramskih umjetnosti – Cetinje
распишува

НАТПРЕВАР ЗА КРАТОК ДРАМСКИ ТЕКСТ

во траење до 15 мин.
на тема: Правда
макс. број ликови: 5
должина на текстот: 10-15 страници драмски дијалог или 3-5 страници драмски монолог
жанрот и стилот на делото не се одредени.

Проекција на дипломски филмови - 2013
05.12.2013

Премиерна проекција на дипломски филмови во кино Фросина, вторник, 10.12.2013, во 20 часот.

Фотографии:

ФДУ - Центар за кариера
29.11.2013

Во рамки на Факултетот за драмски уметности – Скопје формиран е центар за кариера кој има за цел да ги подготви студентите при преминот од академскиот живот до професионално вработување, да ги поврзе со работодавачите и да им понуди поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во модерниот професионален свет.

За повеќе информации превземете го pdf документот.

ФДУ задолжителна литература за прв циклус студии - 2013/14
28.11.2013

Списокот на задолжителна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2013/2014 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

СКОМРАХИ 2013
06.11.2013

Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 9ти до 15ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2013 можете да ја превземете и како pdf документ.

Курс за јавно говорење
23.09.2013

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.

Информација за слободни места на ФДУ Скопје
11.09.2013

Од следниот линк можете да го превземете документот со информација за слободни места за упис на кандидати за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година.

Конкурс за втор циклус студии - 2013/14
02.09.2013

Документот со извадок од конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2013/2014 година можете да го превземете од следниот линк.

Примени кандидати на ФДУ Скопје во првиот уписен рок
30.08.2013

Од следните линкови можете да ги превземете документите со листата на примени студенти во новата 2013/14 учебна година:

Информација за слободни места на ФДУ Скопје
30.08.2013

Од следниот линк можете да го превземете документот со информација за слободни места за упис на кандидати за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година.

Алумни клуб - Правилник
24.08.2013

На ден 23.05.2013 година донесен е правилникот за АЛУМНИ КЛУБОТ на Факултетот за драмски уметности. Документот можете да го превземете од следниот линк.

Резултати од првиоиот круг
21.08.2013

Од следните линкови можете да ги превземете резултатите од првиот круг со освоени бодови на кандидатите за запишување во прв циклус студии во 2013/14 учебна година:

Соопштение
13.08.2013

Соопштение за кандидатите за упис на ФДУ - Скопје.
Се молат сите кандидати за упис на ФДУ - Скопје, своите електронски пријави во iKnow системот да ги пополнуваат со КИРИЛИЧНА ПОДДРШКА. Во продолжение имате и напатствија за уписисте од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Прв уписен рок на ФДУ во учебна 2013/14
05.08.2013

Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.

Електронско спроведување на уписи
18.06.2013

Факултетот за драмски уметности, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ве информира за можноста за електронска регистрација на престојните уписи на УКИМ. Заинтересираните кандидати за упис на ФДУ - Скопје, задолжително треба да се пријават (регистрираат) по електронски пат и да ги следат инструкциите објавени на www.upisi.ukim.mk.

КОНСУЛТАЦИИ ЗА УПИС НА СТУДИИ ПО АКТЕРСКА ИГРА
14.06.2013

Со цел да им помогне на кандидатите да се подготват за примениот испит по Актерска игра Факултет за драмски уметности – Скопје ќе организира консултативни средби со заинтересираните кандидати. Кандидатите кои сè уште се двоумат околу изборот на монологот за приемниот испит, низ заеднички разговор во кој ќе имаат можност да ги претстават своите афинитети и интереси, ќе добијат препораки за да полесно го направат конечниот избор. Оние пак кои веќе одбрале со што ќе се претстават ќе добијат насоки за анализа и разработка на текстот.


Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да поминат и некои вежби за ослободување, концентрација, координација, како и развој на фантазијата.


Консултативните средби ќе се одржат на 3 јули и на 5 август на Факултет за драмски уметности - Скопје со почеток во 17 часот. Времетраењето на средбата ќе зависи од бројот на кандидатите, со цел на секој кандидат да му се посвети индивидуално време но и време потребно за некои групни вежби.


Заинтересираните кандидати можат да се јават на следниве е-маил адреси: fdu@ukim.edu.mk или lelovacfda@gmail.com

Услови за запишување за прв циклус студии 2013/14
30.05.2013

Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:

Конкурс за прв циклус студии 2013/14
22.05.2013

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје - Факултет за драмски уметности во учебната 2013/2014 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ - Мултилатерален договор
26.04.2013

Факултетот за драмски уметности, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, склучи мултилатерален договор за соработка при размена на уметнички, педагошки и научни искуства, взаемно подлабоко разбирање и запознавање со постоечките традиции, како и развојот на новите трендови во сите споменати области со драмските академии/факултети од Западен Балкан.

Договорот за соработка е потпишан во Нови Сад, на ден 22.04.2013. година, при Средба на драмските академии/факултети од Западен Балкан, од страна на деканите или нивните претставници.

Фотографии:

Подготвителен курс по ФИЛМСКА И ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА
26.04.2013

Почитувани кандидати за Подготвителниот курс по Филмска и театарска продукција.

Ве информираме дека Подготвителниот курс по Филмска и театарска продукција ќе започне на 9-ти Мај во 15 h, наместо во претходно најавениот термин. Корекцијата на терминот е поради првомајските и велигденските празници.


За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

Ден на високото образование
20.04.2013

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира активности по повод денот на високото образование, 24 април.

Подготвителен курс по ФИЛМСКА И ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА
01.04.2013

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс за приемен испит на филмска и театарска продукција: „ВОВЕД ВО ФИЛМСКА И ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА“.


За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

ЈАВЕН ПОВИК
04.03.2013

За организирање на натпревар за започнување на бизнис.

ФДУ - Термини за консултации
14.02.2013

Од следниот линк можете да го превземете документот со термини за консултации на ФДУ.

ЕРАЗМУС - ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ
13.02.2013

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува конкурс во рамки на програмата за мобилност ERASMUS LLL за академската 2013/2014 година.

ERASMUS MUNDUIS ACTION 2
13.02.2013

Oтворен конкурс во рамки на програмите за мобилност ERASMUS MUNDUIS ACTION 2 за академската 2013/2014 година


ИСТРАЖУВАЊЕ
05.02.2013

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА ВАС ЕЛЕКТРОНСКО ЗЛОСТАВУВАЊЕ?


Што претставува за Вас Електронско злоставување?
Зборови и слики во cyber просторот.
Што претставува за Вас Електронско злоставување?
Кликнете овде!


Благодариме на соработката,
- истражувачки тим на ИСППИ

СООПШТЕНИЕ
28.01.2013

Упис на летниот семестар во учебната 2012/13 год. ќе се врши од 25ти до 31ви јануари 2013 год.

Дополнителен конкурс за втор циклус студии на ФДУ
23.12.2012

Дополнителен конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. PDF документот можете да го превземете од следниот линк.

ЕРАЗМУС кординатор на ФДУ
29.11.2012

ЕРАЗМУС кординатор на ФДУ Скопје: асс. м-р Кристина Леловац
lelovacfda@gmail.com

СКОМРАХИ 2012 - Билтен 1
07.11.2012

Од следниот линк можете да го превземете СКОМРАХИ 2012 - Билтен бр.1 како pdf документ.

Курс за јавно говорење
05.11.2012

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.

СКОМРАХИ 2012
01.11.2012

Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 5ти до 10ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2012 можете да ја превземете и како pdf документ.

ФДУ основна литература за прв циклус студии - 2012/13
26.10.2012

Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2012/2013 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

КОНКУРС
25.10.2012

Конкурс за избор на заменик на Студентски Правобранител на Факултетот за драмски уметности.

Конкурс за втор циклус студии - 2012/13 - Продолжен рок
16.10.2012

Продолжување на роковите за реализација на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2012/2013 година. PDF документот можете да го превземете од следниот линк.

Листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на ФДУ
16.10.2012

Од следниот линк можете да ја превземете универзитетска листа на слободни изборни предмети за прв циклус на студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Вредносни бонови-ваучери за набавување на компјутери
30.09.2012

Им се соопштува на студентите дека Владата на Република Македонија донесе Закон за издавање на вредносни бонови-ваучери во номинална вредност од 15.500 денари, за набавување на компјутери за редовните студенти државјани на Република Македонија во учебната 2012/2013 година.
Вредносните бонови-ваучери важат до 15 декември 2012 година.

Трет уписен рок на ФДУ во учебна 2012/13
12.09.2012

Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во третиот уписен рок.

Резултати од вториот уписен рок
12.09.2012

Од следните линкови можете да ги превземете резултатите од вториот уписен рок за запишување во прв циклус студии на ФДУ во 2012/13 учебна година:

Конкурс за втор циклус студии - 2012/13
05.09.2012

Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/2013 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.

Втор уписен рок на ФДУ во учебна 2012/13
04.09.2012

Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во вториот уписен рок.

СООПШТЕНИЕ
04.09.2012

Сите кандидати што сакаат да се запишат на втор уписен рок ќе мора да креираат нов профил на www.upisi.ukim.mk, без разлика на тоа дали веќе имаат креирано профил за првиот уписен рок.
Дополнително, оние кандидати кои имаат креирано профил за првиот уписен рок, ќе мора да се регистрираат на системот со нова електронска адреса (различна од онаа што ја користеле за првиот уписен рок.)

Информација за пријавените кандидати за запишување на прв циклус студии
14.08.2012

Проверката на компетенциите за студиските програми: Филмска и ТВ режија, Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање ќе се спроведува од 18ти август (сабота) до 24ти август (петок), 2012 година.
Деатлниот распоред ќе биде истакнат на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Пријавените кандидати за запишување на првиот циклус студии на ФДУ задолжително треба да поседуваат документ за идентификација (лична карта или пасош) при проверка на компетенциите.

Прв уписен рок на ФДУ во учебна 2012/13
08.08.2012

Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.

Услови за запишување за прв циклус студии 2012/13
10.07.2012

Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да ги пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:

Информации за конкурсот за прв циклус студии 2012/13
27.06.2012

Превземете го документот со информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

СООПШТЕНИЕ
20.06.2012

Пријавувањето на испити во испитната сесија Август - Септември ќе се врши од 1ви до 10ти август 2012 год.

СООПШТЕНИЕ
20.06.2012

Упис на зимскиот семестар во учебната 2012/13 год. ќе се врши од 10ти до 15ти септември 2012 год.

Електронско спроведување на уписи
06.06.2012

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје воведува систем за електронско спроведување уписи на УКИМ. Заинтересираните кандидати за упис на ФДУ - Скопје кои сакаат да се пријават по електронски пат треба да ги следат инструкциите објавени на www.upisi.ukim.mk.

Македонски играни филмови на ФДУ
05.05.2012

Почитувани кандидати за запишување на Факултетот за драмски уметности,
со цел да се запознаете со дел од македонската филмска продукција, Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе организира проекции на македонски играни филмови од 30 мај до 30 јуни 2012 година (понеделник-петок), од 10-12 h и од 12-14 h.

Конкурс за прв циклус студии 2012/13
02.05.2012

Почитувани,
Ве известуваме дека на 25 април (среда) во весникот Дневник беше објавен Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2012/2013 година.


Конкурсот е достапен во електронска форма на интернет-страницата www.ukim.edu.mk

Отворени денови на ФДУ
23.04.2012

Пред претстојните уписи на нови студенти, Факултетот за драмски уметности во Скопје организира ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ФДУ на 27 април 2012 год. со почеток во 10 часот. Повелете, посетете нè.

Конкурс за прв циклус студии 2012/13
22.04.2012

Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:

  • Филмско и ТВ снимање
  • Филмска и ТВ монтажа
  • Филмска и ТВ режија
ФДУ на Денови на образование и кариера 2012
22.04.2012

Во рамките на 15от Меѓународен саем за образование и кариера - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2012, Факултетот за драмски уметности ќе одржи презентација на 28.04.2012, сабота, со почеток во 10 часот.

ФДУ основна литература за прв циклус студии - 2011/12
19.04.2012

Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ основна литература за втор циклус студии - 2011/12
19.04.2012

Списокот на основна литература која студентите на втор циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

Одбележување на Светскиот ден на театарот
27.03.2012

Одбележувањето на Светскиот ден на театарот започна со читањето на меѓународната и национална порака, која ја пренесе великанот на македонското глумиште, Мето Јовановски.

Во продолжение следуваше трибината по повод 60-годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери, некогашни професори на ФДУ и големи театарски дејци: Тодорка Кондова-Зафировска и Димитрие Османли.

Фотографии:

Конкурс - Еразмус стипендии
07.03.2012

Во рамки на програмата Еразмус ЛЛЛ која е дел од програмта за Доживотно учење на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ. Повеќе информации на следниот линк.

Курс по актерска игра
10.02.2012

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира SANFORD MEISNER APPROACH ДВОМЕСЕЧЕН КУРС ПО АКТЕРСТВО по пристапот на Санфорд Мајснер - САД. Повеќе информации на следниот линк.


Превземите ја веста како pdf документ.

Курс за јавно говорење
31.01.2012

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.

Дополнителен конкурс за втор циклус студии - 2011/12
17.01.2012

Дополнителниот конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/2012 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ - Докторски трудови
12.01.2012

Листата на одбранети докторски трудови на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

ФДУ - Магистерски трудови
12.01.2012

Листата на одбранети магистерски трудови на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа
05.01.2012

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа под водство на вон. проф. м-р Лазар Секуловски, професор по Филмска и ТВ монтажа на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 01.03.2012 година, во 17h на ФДУ.


За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

Подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање
05.01.2012

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање под водство на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и ТВ снимање и Фотографија на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 01.03.2012 година, во 17h на ФДУ.


За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

СООПШТЕНИЕ
26.12.2011

Се известуваат студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје дека ќе можат да ги пријават испитите од 24 до 29 декември, 2011 година, а заверка на зимски и упис на летен семестар ќе биде од 25 до 31 јануари, 2012 година.


Превземете го соопштението како pdf документ.

СООПШТЕНИЕ
16.12.2011

На ден 20.12.2011 година (вторник) со почеток во 11,00 часот на Сцената на Факултетот ќе се одржи состанок со деканот, вон.проф.м-р Лазар Секуловски и продеканот, вон.проф.м-р Горан Трпчевски, во врска со актуелните прашања поврзани со студиите и студентските активности.


Превземете го соопштението како pdf документ.

СКОМРАХИ 2011
27.11.2011

Програмата на јубилејните 20ти студентски средби СКОМРАХИ можете да ја превземите во pdf формат од следниот линк.

Академска сцена во чест на СКОМРАХИ 2011
22.11.2011

Оваа година Фестивалот „Скомрахи“ слави јубилеј 20 години постоење, Академска сцена во чест на тоа организира 10 дневен уметнички Маратон!

Нема се да откриваме за да биде публиката во исчекување, но она што може да го гарантираме се незаборавни моменти!!!

Маратонот започнува во четврток 24ти ноември во 21ч со првиот и единствен мјузикл на ФДУ - „Срешта“ во режија на Саша Нацевски, продолжува на 25ти ноември повторно во 21ч кога ќе се случи драмското читање на текстот „Тетовирање“ кој доби посебно признание од конкурсот за оригинален текст на МНТ. А во сабота на 26ти во 21ч ќе се оддигра дипломската претстава „Дон Жуан се враќа од војна“ на Е.Ф.Хорват.

Фестивалот „Скомрахи“ ќе се одвива од 27ми ноември до 1ви декември. Публиката ќе има можност да погледне претстави и филмови на студенти од факултетите за драмски уметности од Софија, Љубљана, Белград, Сараево, Загреб, Салзбург и Скопје! Фестивалот ќе се одвива во Драмски театар и секако на Академска сцена - ФДУ.

Четврток, петок и сабота маратонот продолжува!!!!

Затоа им препорачуваме на пријателите да земат воздух и да му се препуштат на Академскиот уметнички бран!!!
Следат многу изненадувања!!!

Ве очекуваме!!!

Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд
07.11.2011

Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Преглед на прифатени теми за изработка на докторски труд
07.11.2011

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

СКОМРАХИ 2011
27.10.2011

Јубилејните 20-ти студентски средби СКОМРАХИ 2011 ќе се одржат од 27 ноември до 1 декамври 2011 година.

Данте Спиноти на ФДУ
15.10.2011

Добитникот на наградата за животно дело „Златна КАМЕРА 300“ Данте Спиноти во среда, на 19.10.2011 во 11 часот ќе одржи предавање на ФДУ - Скопје.

Курс за јавно говорење
12.10.2011

Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.


Уплатница - Курс за јавно говорење
Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд
12.10.2011

Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Академска сцена 2011/12
05.10.2011

На 6ти oктомври во 20ч. ќе започне новата сезона на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности. Репертоарот до 15ти oктомври можете да го превземете како pdf документ.
Повеќе информации за press конференцијата по повод отварањето новата сезона на Академска сцена прочитајте во документот на следниот линк.

Преглед на прифатени теми за изработка на докторски труд
29.09.2011

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Конкурс за втор циклус студии - 2011/12
28.09.2011

Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/2012 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ основна литература за прв циклус студии - 2011/12
21.09.2011

Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

ФДУ основна литература за втор циклус студии - 2011/12
21.09.2011

Списокот на основна литература која студентите на втор циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

Свечено доделување на индекси - 2011/12
13.09.2011

Свеченото доделување на индекси на студентите запишани на прва година отсек драмски актери со познавање на Македонски, Албански и Турски јазик ќе се одржи во четврток, на 15 септември 2011 год. на академската сцена на ФДУ со почеток во 19:30 часот.
По доделувањето следува политичкото кабаре "Оркестар ББ" - испит по Актерска игра на студентите во класата на проф. Владо ЦВЕТАНОВСКИ и проф. Мими ТАНЕВСКА - СРБИНОВСКА. Повеќе информации на следниот линк.

Преглед на прифатени теми за изработка на докторски труд
10.09.2011

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски труд
09.09.2011

Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Прелиминарна ранг - листа за учебната 2011/12
26.08.2011

Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на македонски јазик за учебната 2011/2012 година

Прелиминарна ранг - листа за учебната 2011/12
26.08.2011

Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на албански јазик за учебната 2011/2012 година

Прелиминарна ранг - листа за учебната 2011/12
26.08.2011

Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на турски јазик за учебната 2011/2012 година.

Резултати од првиот круг за учебната 2011/12
22.08.2011

Резултатите од првиот круг од проверката на компетенции за пријавените кандидати за учебната 2011/12 - драмски актери со познавање на албански и турски јазик како pdf документ можете да ги превземите од следниот линк.

Резултати од првиот круг за учебната 2011/12
20.08.2011

Резултатите од првиот круг од проверката на компетенции за пријавените кандидати за учебната 2011/12 - драмски актери како pdf документ можете да ги превземите од следниот линк.

Список на пријавени кандидати за учебната 2011/12
18.08.2011

Списокот на пријавени кандидати на УКИМ, Факултет за Драмски Уметности – Скопје за учебната 2011/2012 год во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.

СООПШТЕНИЕ
17.08.2011

Во рамките на реализацијата на Конкурсот за запишување студенти во акдемската година 2011/2012, Ве известуваме дека согласно член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, примените кандидати при запишувањето добиваат бесплатни индекси и студентски легитимации.


Превземите го соопштението како pdf документ.

СООПШТЕНИЕ
17.08.2011

Со оглед дека 30 август (вторник) е државен празник и е неработен ден, примените кандидати ќе се запишуваат само на 31 август (среда).


Превземите го соопштението како pdf документ.

Yoshiko Chuma на ФДУ
08.07.2011
Yoshiko Chuma - Телото зборува - танцов театар, кореодрама

Во рамките на вториот циклус студии по предметот Актерска игра се одржа настава „Телото зборува - танцов театар, кореодрама“ под водство на Yoshiko Chuma.
На следниот линк можете да видите повеќе фотографии.

Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски студии
24.06.2011

Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.

Прв циклус студии 2011/12 - Рецитации по избор на комисијата
23.06.2011

Согласно со условите за запишување во првиот циклус на студии за 2011/12 година кандидатите треба да припремат рецитација на песна по избор на комисијата.
Песните (рецитациите) можете да ги превземите како pdf документ.
Повеќе информации за условите за запишување на следниот линк.

Конкурс за прв циклус студии 2011/12
22.06.2011

Врз основа на конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2011/12 година на Факултетот за драмски уметности ќе се запишат вкупно 24 студенти.


Уплатница - Такси за пријавување 2011/12

Конкурсот е објавен на официјалниот сајт на универзитетот, а можете да го превземете во pdf формат и од следниот линк.

Подготвителен курс по актерска игра 2011/12
22.06.2011

Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра под водство на доц. м-р Мими Таневска, професор по Актерска игра на ФДУ.
Курсот започнува на 03.08.2011 година, во 11h на Академската сцена на ФДУ.
Бројот на посетители е ограничен.


Уплатница - Подготвителен  курс по актерска игра 2011/12

За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.

Преглед на прифатени теми за изработка на магистерски студии
12.05.2011

Наставно-научниот и уметнички совет на седницата одржана на ден 12.05.2011 година, донесе 3 одлуки за прифаќање на наслов на тема за магистерски труд.


Одлука - Мери Георгиевска Одлука - Татјана Ќурчиновска Пепељуговска Одлука - Владимир Василевски
СКОМРАХИ 2011
05.05.2011

Манифестацијата СКОМРАХИ 2011 ќе започне на 1 ноември 2011 год.

Прв циклус студии 2011/12
15.04.2011

Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:

  • Драмски актери
  • Драмски актери со познавање на албански јазик
  • Драмски актери со познавање на турски јазик
СКОМРАХИ 2010
25.10.2010

Манифестацијата СКОМРАХИ 2010 ќе започне на 1 ноември 2010 год.

Втор циклус студии 2010/11
21.08.2010

Од Октомври 2010 година, Факултетот за драмски уметности во Скопје организира втор циклус (постдипломски) студии по следниве области:

  • Театрологија - проф. др. Јелена Лужина
  • Актерска игра - проф. Владимир Милчин
  • Драматургија - проф. мр. Русомир Богдановски
  • Театарска режија - проф. Слободан Унковски
  • Продукција - проф. Мартин Панчевски
  • Филмско и ТВ сценарио - доц. др. Сашко Насев
  • Филмска и ТВ режија - проф. Столе Попов
  • Филмско и електронско снимање - проф. Апостол Трпески
  • Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање - проф. Димитар Грбевски

Ќе се врши упис на кандидати со завршено високо образование (прв циклус студии со 240 кредити и минимум просек 8) на ФДУ, но и кандидати од сличен факултет или Академија И други области со комплетирано високо образование (прв циклус универзитетски студии со 240 кредити и минимум просек 8) кои ќе треба да исполнат одредени услови.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” го распиша конкурсот за упис на вториот циклус. Пријавувањето и интервјуата со кандидатите ќе биде од 10 до 20 септември.

Подетални информации можат да се добијат од раководителите на студиските програми и од вон.проф. мр. Лазар Секуловски, продекан на ФДУ.