Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Додипломски студии - Филмска и ТВ монтажа

Организирањето на студиите по ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за своја примарна цел го имаат едуцирањето на идните стручњаци кои ќе умеат соодветно да го разберат / протолкуваат филмскиот и телевизиски јазик и своето акумулирано академско знаење и умеење да го изразат во сите форми на филмското и телевизиско творештво. Студиите по монтажа се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни академски студии.
Наставната дисциплина филмска и ТВ монтажа пред себе ги поставува основните задачи на една академска дисциплина: Запознавање со основите на научната дисциплина преку задолжителни наставни содржини (теоретски и практични):
По завршувањето на студиите по филмска и ТВ монтажа кандидатите се здобиваат со висок степен на наобразба, односно со стручно звање ДИПЛОМИРАН ФИЛМСКИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ МОНТАЖЕР.
| Предмети |
|---|
| Филмска и ТВ монтажа |
| Дигитална постпродукција |
| Филмска техника и технологија |
| Електронска техника и технологија |
| Снимање и обработка на тон |
| Филмско и ТВ сценарио |
| Филмска и ТВ режија |
| Филмско и ТВ снимање |
| Теорија на филмот |
| Историја на филмот |
| Историја на уметноста |
| Основи на драматургијата |
| Компаративна книжевност |
| Естетика |
| Применета музика |
| Психологија и психопатологија |
| Македонски јазик |
Студиска програма - Филмска и ТВ монтажа (2022)