Додипломски студии - Филмско и ТВ снимање
шеф на студиската програма
вон. проф. ТРПЧЕВСКИ Горан, М-р

Додипломските студии по ФИЛМСКО И ТВ СНИМАЊЕ се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни, академски студии за едуцирање на идни стручњаци со цел формирање на креативни и самостојни личности, кои ќе ги имаат сите предиспозиции да прераснат во авторски личности од уметнички профил, кои своето акумулирано академско знаење и умешност, соодветно ќе го изразат во филмското и телевизиското творештво.

Предавањата, вежбите, семинарите и практичната работа се само дел од образовниот модел. Главна и основна окосница е индивидуалната, менторската и тимската работа врз остварувањето на практичните и уметничките задачи на наставната продукција од подрачјата на Филмското и ТВ снимање, Фотографијата и делумно од подрачјата на Режијата, Монтажата и Продукцијата. Реализацијата на наставната филмска продукција, како и на емисии на телевизиските програми, представува значајна компонента во практичната работа на студентите по Филмско и ТВ снимање.

Дипломирањето на оваа студиска програма е условено со полагање на дипломски испит. Правото за полагање на дипломскиот испит, студентот го стекнува откако ќе ги положи сите задолжителни предметни програми и ќе освои најмалку 240 кредити. Со дипломирањето на оваа студиска програма, студентот добива диплома за завршено високо образование и високостручно звање ДИПЛОМИРАН ФИЛМСКИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ СНИМАТЕЛ, со сите права според законот.


Предмети
Филмско и ТВ снимање
Технологија на филмската слика
Технологија на електронската слика
Дигитална постпродукција
Снимање и обработка на тон
Филмско и ТВ сценарио
Филмска и ТВ режија
Филмска и ТВ монтажа
Актерска игра пред камера
Основи на продукција
Основи на драматургијата
Теорија на филмот
Историја на филмот
Историја на уметност
Компаративна книжевност
Естетика
Применета музика
Психологија и психопатологија
Македонски јазик

* Преземете ја студиската програма како pdf документ


Студенти запишани во 2017/2018 учебна година

Филмско и ТВ снимање II година
класата ја води
вон. проф. ТРПЧЕВСКИ Горан, М-р
Божиновски Роберт
Гошева Лидија
Ѓоргиевски Стефан
Митевски Сергеј - Светозар
Неделковски Андреј
Петковски Марјан