Додипломски студии - Филмска и ТВ монтажа
шеф на студиската програма
ред. проф. СЕКУЛОВСКИ Лазар, М-р

Организирањето на студиите по ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за своја примарна цел го имаат едуцирањето на идните стручњаци кои ќе умеат соодветно да го разберат / протолкуваат филмскиот и телевизиски јазик и своето акумулирано академско знаење и умеење да го изразат во сите форми на филмското и телевизиско творештво. Студиите по монтажа се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни академски студии.

Наставната дисциплина филмска и ТВ монтажа пред себе ги поставува основните задачи на една академска дисциплина: Запознавање со основите на научната дисциплина преку задолжителни наставни содржини (теоретски и практични):

  • Надградба на профилот преку изборни наставни содржини;
  • Континуирано следење и запознавање со најновите техничко - технолошки достигнувања во полето на филмската и ТВ монтажа, најновите трендови, стилови и новини во филмската и телевизиска продукција;
  • Истражувачка дејност од областа на самата наставна дисциплина, како самостојни или групни активности, со цел проширување на едукативниот дијаметар;
  • Практична континуирана активност т.е. синтеза на теоретската и практичната содржина.

По завршувањето на студиите по филмска и ТВ монтажа кандидатите се здобиваат со висок степен на наобразба, односно со стручно звање ДИПЛОМИРАН ФИЛМСКИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ МОНТАЖЕР.


Предмети
Филмска и ТВ монтажа
Дигитална постпродукција
Филмска техника и технологија
Електронска техника и технологија
Снимање и обработка на тон
Филмско и ТВ сценарио
Филмска и ТВ режија
Филмско и ТВ снимање
Теорија на филмот
Историја на филмот
Историја на уметноста
Основи на драматургијата
Компаративна книжевност
Естетика
Применета музика
Психологија и психопатологија
Македонски јазик

* Преземете ја студиската програма како pdf документ


Студенти запишани во 2017/2018 учебна година

Филмска и ТВ монтажа II година
класата ја водат
ред. проф. СЕКУЛОВСКИ ЛАЗАР, М-р
со доц. ПАВЛОВСКИ Владимир, M-р
Веселиновиќ Бојан
Глигоров Тимоти
Игњатовски Андреј
Костадинов Иван
Спасов Драган