Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Додипломски студии - Актерка игра

Наставната програма за Актерска игра се базира врз универзалните принципи на К. С. Станиславски и неговите ученици и следбеници, дополнети со теоријата и праксата на Брехтовиот театар, како и на Јежи Гротовски, Питер Брук и другите режисери - педагози на XX век. Етиката на педагошката работа поаѓа од ставот дека секој студент е индивидуа со сопствени квалитети и проблеми и дека педагогот треба да пронајде начин да му помогне на студентот да го открие и развие својот талент. Органичноста на сценското дејство (говорното и физичкото) е идеалот кон кој се тежнее.
Модел на организирање на наставата според ЕКТС: Предавања, индивидуални и групни етиди и вежби, подготовка и изведба на делови од драмски текстови и драматизации и подготтовка и изведба на комплетни драмски дела.
Со исклучок на I и II семестар, испитите се јавни. Почнувајќи од III семестар, студентите имаат право да настапуваат и во професионални театарски, филмски и телевизиски продукции, во согласност со нивните обврски на Факултетот за драмски уметности.
| Предмети | Семестри |
|---|---|
| Актерска игра | 1 - 8 |
| Филмска, ТВ и радио игра | 1 - 6 |
| Сценски говор со техника на глас | 1 - 8 |
| Сценски движења и танци | 1 - 8 |
| Гимнастика и акробатика | 1 - 2 |
| Сценско мечување | 1 - 2 |
| Соло пеење | 1 - 2 |
| Македонски јазик со правоговор | 1 - 2 |
| Македонска драма и театар | 1 - 4 |
| Историја на светска драма и театар | 1 - 6 |
| Психологија и психопатологија | 1 - 2 |
| Историја на уметноста | 1 - 2 |
| Македонски јазик | 1 - 2 |
Студиска програма - Актерска игра (2022)
Студенти запишани во 2025/2026 учебна година
| Актерска игра IV година |
|---|
| класата ја водат ред. проф. БУЗАЛКОВСКА Зоја, М-р со вон.проф. СТЕПАНУЛЕСКИ Александар, М-р |
| Билаловиќ Енис |
| Димеска Ирена |
| Јездиќ Иво |
| Мазнев Мартин |
| Митровска Анастасија |
| Пејковска Ангела |
| Стојчевска Ева |
| Штарго Лора |
| Актерска игра III година |
|---|
| класата ја води доц. ИЛИЕВСКИ Ангелчо, М-р |
| Атанасовска Ангела |
| Атовски Дамјан |
| Димоски Давид |
| Јанчевска Марија |
| Крстеска Теона |
| Петровски Милан |
| Тошева Вера |
| Трајковска Анастасија |
| Цветковска Ангела |
| Актерска игра III година со познавање на албански јазик |
|---|
| класата ја водат ред. проф. АБАЗИ Рефет, М-р со вон. проф. РАМАДАНИ Хисмет, М-р |
| Рамизи Берин |
| Фетаи Еурон |
| Шерифи Виган |
| Актерска игра III година со познавање на турски јазик |
|---|
| класата ја води ред. проф. ЕЛЈЕСА Касо, М-р |
| Идрис Озан |
| Саидова Игбал |